Теквондо на Летните олимписки игри 2016
Теквондо на Летните олимписки игри 2016 | |
Одржувалиште | Арена „Кариока 3“ |
---|---|
Денови | 17–20 август 2016 |
Натпреварувачи | 128 |
Теквондо на Летните олимписки игри 2016 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Список на натпреварувачи | |||||
Мажи | Жени | ||||
58 кг | 49 кг | ||||
68 кг | 57 кг | ||||
80 кг | 67 кг | ||||
+80 кг | +67 кг |
Натпреварите во теквондо на Летните олимписки игри 2016 биле одржани од 17 до 20 август 2016 година во Арената „Кариока 3“ во Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро. На борилиштата учествувале 128 теквондисти во осум тежински дисциплини; четири за мажи, и четири за жени.[1]
Квалификации
[уреди | уреди извор]На натпреварите во теквондо на ЛОИ 2016 ќе учествуваат вкупно 128 натпреварувачи, по 64 во двете конкуренции, по 16 во секоја од осумте тежински категории. Еден национален олимписки комитет (НОК) може да испрати најмногу осум натпреварувачи, по 4 во двете конкуренции, врз основа на олимпиското рангирање на Светската теквондо федерација, така што натпреварувач по НОК мора да биде меѓу најдобрите шест во тежинската категорија. Доколку еден НОК квалификувал две женски натпреварувачки и еден машки натпреварувач преку рангирањето, тогаш тој НОК не може да учествува во соодветниот континентлен квалификациски турнир освен ако не се откаже од местата добиени преку рангирањето.[2][3]
Четири места добива земјата домаќин, Бразил, а уште 4 места доделува трипатритната комисија во вид на специјални покани. Преостанатите 120 места се распределуваат преку квалификации во кои натпреварувачите обезбедуваат норма за својот соодветен НОК. Вкупно 48 теквондисти, по 24 во двете конкуренции и најдобрите 6 во секоја тежинска категорија, имаат право да се натпреваруваат преку олимпиското рангирање, додека останатите преку петте континентални квалификациски турнири.[2]
Доколку еден НОК кој се квалификувал преку квалификациски турнир се откаже од своето место, тоа место ќе биде распределено на земјата на следниот највисоко пласиран натпреварувач во соодветната тежинска категорија на тој турнир сè додека тоа дополнително место не го надминува максималниот број на натпреварувачи на таа земја.[2]
Распоред
[уреди | уреди извор]Ден → | сре 17 | чет 18 | пет 19 | саб 20 |
---|---|---|---|---|
Мажи | 58 кг | 68 кг | 80 кг | +80 кг |
Жени | 49 кг | 57 кг | 67 кг | +67 кг |
Земји учеснички
[уреди | уреди извор]- Аруба (1)
- Австралија (4)
- Азербејџан (4)
- Белорусија (1)
- Белгија (3)
- Бразил (4)
- Камбоџа (1)
- Канада (1)
- Зелен ’Рт (1)
- ЦАР (1)
- Чиле (1)
- Кина (4)
- Колумбија (2)
- Хрватска (3)
- Куба (1)
- Доминиканска Република (3)
- ДР Конго (1)
- Египет (3)
- Финска (1)
- Франција (4)
- Габон (1)
- Германија (3)
- Велика Британија (4)
- Хаити (1)
- Хондурас (1)
- Иран (4)
- Израел (1)
- Брег на Слоновата Коска (3)
- Јапонија (1)
- Јордан (1)
- Казахстан (3)
- Либија (1)
- Мали (1)
- Мексико (4)
- Молдавија (1)
- Монголија (1)
- Мароко (3)
- Непал (1)
- Холандија (1)
- Нов Зеланд (1)
- Нигер (1)
- Норвешка (1)
- Панама (1)
- Папуа Нова Гвинеја (2)
- Перу (1)
- Филипини (1)
- Полска (2)
- Португалија (1)
- Порторико (1)
- Русија (3)
- Сенегал (1)
- Србија (2)
- Јужна Кореја (5)
- Шпанија (3)
- Шведска (2)
- Кинески Тајпеј (3)
- Тајланд (3)
- Тонга (1)
- Тунис (3)
- Турција (2)
- САД (4)
- Узбекистан (3)
- Венецуела (1)
Преглед на медали
[уреди | уреди извор]Табела на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | Јужна Кореја | 2 | 0 | 3 | 5 |
2 | Кина | 2 | 0 | 0 | 2 |
3 | Велика Британија | 1 | 1 | 1 | 3 |
4 | Азербејџан | 1 | 0 | 2 | 3 |
5 | Брег на Слоновата Коска | 1 | 0 | 1 | 2 |
6 | Јордан | 1 | 0 | 0 | 1 |
7 | Шпанија | 0 | 1 | 1 | 2 |
Тајланд | 0 | 1 | 1 | 2 | |
9 | Франција | 0 | 1 | 0 | 1 |
Мексико | 0 | 1 | 0 | 1 | |
Нигер | 0 | 1 | 0 | 1 | |
Русија | 0 | 1 | 0 | 1 | |
Србија | 0 | 1 | 0 | 1 | |
14 | Бразил | 0 | 0 | 1 | 1 |
Доминиканска Република | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Египет | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Иран | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Тунис | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Турција | 0 | 0 | 1 | 1 | |
САД | 0 | 0 | 1 | 1 | |
Вкупно | 8 | 8 | 16 | 32 |
Машки дисциплини
[уреди | уреди извор]Дисциплини | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
До 58 кг подробно |
Жао Шуаи (КИН) | Тхевин Ханпрап (ТАЈ) | Луисито Пие (ДОМ) |
Ким Тае-Хун (КОР) | |||
До 68 кг подробно |
Ахмад Абугауш (JOR) | Алексеј Денисенко (РУС) | Ли Дае-Хун (КОР) |
Хоел Гонсалес (ШПА) | |||
До 80 кг подробно |
Шеик Салас Сисе (CIV) | Лутало Мухамад (ВБР) | Милад Беиги (АЗЕ) |
Услами Услати (ТУН) | |||
Преку 80 кг подробно |
Радик Исаев (АЗЕ) | Абдул Разак Исуфи (NIG) | Маикон Андраде (БРА) |
Ча Донг-Мин (КОР) |
Женски дисциплини
[уреди | уреди извор]Дисциплини | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
До 49 кг подробно |
Ким Со-Хи (КОР) | Тијана Богдановиќ (СРБ) | Патимат Абакарова (АЗЕ) |
Панипак Вонгпатанакит (ТАЈ) | |||
До 57 кг подробно |
Џејд Џоунс (ВБР) | Ева Калво (ШПА) | Хедаја Малак (ЕГИ) |
Кимиа Ализаде (ИРН) | |||
До 67 кг подробно |
Ох Хе-Ри (КОР) | Аби Ниар (ФРА) | Рут Гбагби (CIV) |
Нур Татар (ТУР) | |||
Преку 67 кг подробно |
Женг Шуин (КИН) | Марија Еспиноза (МЕК) | Бианка Уокден (ВБР) |
Џеки Галоуеј (САД) |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Rio 2016: Taekwondo“. Rio 2016. Архивирано од изворникот на 2015-04-28. Посетено на 8 May 2015.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Rio 2016 – WTF Taekwondo Qualification System“ (PDF). СТФ. Посетено на 8 May 2015.
- ↑ „General Guidelines on Rio 2016 Olympic Games Qualification System“ (PDF). Светска теквондо федерација. Посетено на 8 May 2015.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Светска теквондо федерација Архивирано на 3 септември 2014 г.
- NBC Olympics