Олимписки парк (Рио де Жанеиро)
Олимпискиот парк во Рио де Жанеиро е група на девет спортски објекти во Бара да Тижука, во западниот дел на Рио де Жанеиро, Бразил, кои ќе бидат искористени за Летните олимписки игри 2016 и за Летните параолимписки игри 2016. Од деветте објекти, седум имаат трајна структура.
Историја
[уреди | уреди извор]На местото на Олимпискиот парк претходно бил поставен Меѓународниот автодром Нелсон Пике, уште познат како Жакарепагва,[1][2] на чија патека била претходно одржувана Големата награда на Бразил во Формула 1 многупати низ 1980те години, пред да биде преместена на Интерлагос во 1990 година.
Објекти
[уреди | уреди извор]Деветте објекти кои ќе бидат користени во Олимпискиот парк се:[3][4]
- Кариока арена 1: кошарка (капацитет: 16,000)
- Кариока арена 2: борење, џудо (капацитет: 10,000)
- Кариока арена 3: мечување, теквондо (капацитет: 10,000)
- Арена на иднината: ракомет (капацитет: 12,000)
- Центар за водени спортови Марија Ленк: ватерполо, синхронизирано пливање, скокови во вода (капацитет: 5,000)
- Олимписки центар за водени спортови: плејоф натпревари во ватерполо, пливање (капацитет: 15,000)
- Олимписки тениски центар: тенис (капацитет: 10,000 главен терен)
- Олимписка арена Рио: гимнастика (капацитет: 12,000)
- Олимпискиот велодром Рио: велодромски велосипедизам (капацитет: 5,000)
По Олимписките игри
[уреди | уреди извор]По завршувањето на Летните олимписки и параолимписки игри 2016, третата Кариока арена ќе стане спортско училиште, додека пак останатите шест објекти ќе бидат дел од Олимпискиот тренинг центар кои ќе биде отворен по игрите.[5][6]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Питер Луис (15 September 2013). „Rio Olympics 2016: Brazilian city in a race against time to be ready to play host to the Games“. ABC News Australia. Australian Broadcasting Corporation. Посетено на 14 May 2016.
- ↑ Џонатан Ватс (5 August 2015). „The Rio property developer hoping for a $1bn Olympic legacy of his own“. The Guardian. Guardian Media Group. Посетено на 14 May 2016.
- ↑ „Introducing Carioca Arena 1… the new home of Olympic basketball“. Rio 2016. Organizing Committee of the Olympic and Paralympic Games Rio 2016. 12 January 2016. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Barra Region“. Portal Brasil 2016. Governo Federal do Brasil. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Rio 2016 Olympic and Paralympic Games venues to leave sporting, educational and social legacy to city“. Rio 2016. 29 July 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 4 March 2016.
- ↑ „Barra Olympic Park, heart of the Rio 2016 Games, 95 per cent complete“. Rio 2016. 29 December 2015. Архивирано од изворникот на 2016-03-08. Посетено на 6 March 2016.