Стреличарство на Летните олимписки игри 2016
Стреличарство на Летните олимписки игри 2016 | |
![]() | |
Одржувалиште | Самбадром „Маркиз од Сапукај“ |
---|---|
Денови | 6–12 август |
Натпреварувачи | 128 |
Стреличарство на Летните олимписки игри 2016 ![]() | ||||
---|---|---|---|---|
Список на стреличари | ||||
Поединечно | мажи | жени | ||
Екипно | мажи | жени |
Натпреварите во стреличарство на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро се одржуваат од 6 до 12 август. Натпреварувањата се во четири дисциплини и се одржуваат во Самбадромот „Маркиз од Сапукај“.
Формат на натпреварувањата
[уреди | уреди извор]На натпреварувањата учествуваат вкупно 128 стреличари во четири дисциплини: мажи поединечно, жени поединечно, мажи екипно и жени екипно.[1]
Правилата се утврдени според правилникот на Светскиот стреличарски сојуз, со стрелно растојание од 70 метри. Натпреварот понува со пласмански круг во кој учествуваат сите 64 стреличари од секој пол. Секој учесник истрелува по 72 стрели и зазема место од 1 до 64, согласно освоените бодови.
Пласманскиот круг важи и на екипно ниво, каде екипата зазема место од 1 до 12, со собирање на поединечните бодови на нејзините членови.
Секоја дисциплина се одвива во едноелиминациски формат (олимписки систем), освен губитниците на полуфиналето, кои се соочуваат за бронза.
Поединечни дисциплини
[уреди | уреди извор]Во првиот круг на поединечното натпреварување учествуваат сите 64 стреличари.
Бодувањето се води според правилото за најдобриот од пет обиди, секој по три стрели. Победникот во секој обид добива по два бода, а при изедначеност, секој од изедначените стреличари добива по еден бод. Доколку по петте обиди, исходот е изедначен (5–5), тогаш изедначените истрелуваат по една стрела, и победува оној што погодил најблиску до центарот.
Екипни дисциплини
[уреди | уреди извор]Во екипното натпреварување, четирите најдобро котирани екипи од пласманскиот круг одат право во четвртфиналето. Останатите осум екипи (од 5. до 8. место) се натпреваруваат за преостанатите четири учеснички места во четвртфиналето.
Бодувањето е исто како во поединечните натпреварувања, што се случува за првпат во олимписката историја.
Распоред
[уреди | уреди извор]Времињата се наведени по македонско време (UTC+2), а месното време (UTC−3) е во забелешка видлива со задршка на глушецот.
Ден | Датум | Почеток | Крај | Дисциплина | Етапа |
---|---|---|---|---|---|
Ден 0 | петок, 5 август 2016 г. | Мажи поединечно | Пласмански круг | ||
Жени поединечно | Пласмански круг | ||||
Ден 1 | сабота, 6 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Мажи екипно | елиминација/медали |
Ден 2 | недела, 7 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Жени екипно | елиминација/медали |
Ден 3 | понеделник, 8 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Мажи поединечно | 1⁄32 & 1/16 елиминација |
Жени поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација | ||||
Ден 4 | вторник, 9 август 2016 г. | 14:00 | 22:45 | Мажи поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација |
Жени поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација | ||||
Ден 5 | среда, 10 август 2016 г. | 14:00 | 23:55 | Мажи поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација |
Жени поединечно | 1⁄32 и 1⁄16 елиминација | ||||
Ден 6 | четврток, 11 август 2016 г. | 14:00 | 22:10 | Жени поединечно | 1⁄8 елиминација/четвртфинале/полуфинале/медали |
Ден 7 | петок, 12 август 2016 г. | 14:00 | 22:10 | Мажи поединечно | 1⁄8 елиминација/четвртфинале/полуфинале/медали |
Квалификации
[уреди | уреди извор]Секој национаен олимписки комитет (НОК) може да учествува со највеќе шест натпреварувачи, т.е. тројца мажи и три жени кои би учествувале поединечно и во екипи од тројца. На олимпијадата можат да учествуваат 12 машки и 12 женски екиши, што значи 36 поединци преку екипна квалификација. Сите останати земји може да освојат највеќе по едно учесничко место за мажи и едно за жени во поединечна конкуренција.[2]
Како домаќин, Бразил има шест гарантирани учеснички места, и уште шест кои ќе ги одреди Тројната комисија. Останатите 116 места се доделуваат со квалификациите, на кои стреличарите ги заземаат местата допуштени за нивната земја, но не мора да значи дека со самото тоа ќе освојат и место за себе во поединечна конкуренција.
По добивањето на квотното место на земјата, за да можат да учествуваат, сите стреличари мора да имаат насобрано барем:
- Мажи: 70 м, 630 бода
- Жени: 70 м, 600 бода
Бодовите мора да биле освоени меѓу 26 јули 2015 (starting at the Светското стреличарско првенство 2015) и 11 јули 2016 г. на некое официјално натпреварување на сојузот.
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]На олимпијадата се натпреваруваат стреличари од 56 земји.
Австралија (4)
Австрија (1)
Азербејџан (1)
Бангладеш (1)
Белгија (1)
Белорусија (1)
Бразил (6)
Брег на Слоновата Коска (1)
Бутан (1)
Велика Британија (2)
Венецуела (2)
Германија (2)
Грузија (3)
Грција (1)
Доминиканска Република (1)
Египет (2)
Естонија (1)
Зимбабве (1)
Индија (4)
Индонезија (4)
Иран (1)
Италија (6)
Јапонија (4)
Јужна Кореја (6)
Казахстан (2)
Канада (2)
Кенија (1)
Кина (6)
Кинески Тајпеј (6)
Колумбија (4)
Куба (1)
Либија (1)
Малави (1)
Малезија (3)
Мексико (4)
Мјанмар (1)
Молдавија (1)
Монголија (1)
Непал (1)
Норвешка (1)
Полска (1)
Русија (3)
САД (4)
Северна Кореја (1)
Словачка (2)
Тајланд (1)
Тонга (2)
Турција (2)
Украина (4)
Финска (2)
Фиџи (1)
Франција (3)
Холандија (3)
Чиле (1)
Шведска (1)
Шпанија (4)
Натпреварувачи
[уреди | уреди извор]Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Список по земји
[уреди | уреди извор]Medal table
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | ![]() |
2 | 0 | 0 | 2 |
2 | ![]() |
0 | 1 | 0 | 1 |
![]() |
0 | 1 | 0 | 1 | |
4 | ![]() |
0 | 0 | 1 | 1 |
![]() |
0 | 0 | 1 | 1 | |
Вкупно | 2 | 2 | 2 | 6 |
Преглед
[уреди | уреди извор]Дисциплина | Злато | Сребро | Бронза |
---|---|---|---|
Мажи поединечно подробно |
|||
Мажи екипно подробно |
![]() Ку Бон-чан Ли Синг-јун Ким Во-џин |
![]() Брејди Елисон Зак Герет Џејк Камински |
![]() Алек Потс Рајан Тајак Тејлор Ворт |
Жени поединечно подробно |
|||
Жени екипно подробно |
![]() Чанг Хје-чин Чој Ми-сун Ки Бо-бе |
![]() Тујана Дашидоржиева Ксенија Перова Ина Степанова |
![]() Леј Ќенјинг Лин Шеѓа Тан Јатинг |
Наводи
[уреди | уреди извор]![]() |
„Стреличарство на Летните олимписки игри 2016“ на Ризницата ? |
- ↑ „Стреличарство“. Архивирано од изворникот на 2014-08-13. Посетено на 11 August 2014. (англиски)
- ↑ „Квалификации во стреличарство“ (PDF). Светски стреличарски сојуз. Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-08-12. Посетено на 11 August 2014. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница за олимписките натпреварувања во стреличарство — Светски стрелачарски сојуз (англиски) (француски)