Прејди на содржината

Израел на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Израел на Олимписките игри

Знаме на Израел
МОК-код  ISR
НОК Олимписки комитет на Израел
официјално мрежно место (хебрејски) (англиски)
Олимписка историја
Летни олимпијади
1952  1956  1960  1964  1968  1972  1976  1980  1984  1988  1992  1996  2000  2004  2008
Зимски олимпијади
1994  1998  2002  2006

Израел за првпат се појавил на Олимписките игри во 1952 година, кога на игрите во Хелсинки учествувале 13 спортисти, 11 фудбалери и два велосипедисти.

Израел никогаш не бил домаќин на олимписките игри. Националниот олимписки комитет на Израел е основан во 1933 а признат од страна на МОК во 1952 година.

Од 1952 па понатаму Израел праќал свои спортисти на сите Летните олимписки игри освен во 1980 година кога се придружи на неколку земји коишто ги бојкотираа олимписките игри коишто се одржувале во Москва.

На Зимските олимписки игри Израел првпат учествовал во 1994 година и од тогаш неговите спортисти земале учество на сите понатамошни одржани зимски олимпијади.

На Летните олимписки игри коишто се одржаа во 1972 во Минхен 11 членови од олимписката селекција во олимпиското село биле убиени во настаните познати како Минхенски масакр извршен од страна на палестинската терористичка организација Црн септември.

Во периодот од 1952 до 2008 година спортистите од Израел освоиле вкупно 7 олимписки медали, од кои еден златен, еден бронзен и пет бронзени медали на Летните олимписки игри. На Зимските олимписки игри, Израел нема сѐ уште освоено медал

Освоени медали на Летните олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Освоени медали на Израел на Летните олимписки игри
Место на одржување Злато Злато Сребро Сребро Бронза Бронза Вкупно
1936 БерлинИзраел не учествувал
1948 ЛондонИзраел не учествувал
1952 Хелсинки0000
1956 Мелбурн и Стокхолм0000
1960 Рим0000
1964 Токио0000
1968 Град Мексико0000
1972 Минхен0000
1976 Монтреал0000
1980 МоскваИзраел не учествувал
1984 Лос Анџелес0000
1988 Сеул0000
1992 Барселона0112
1996 Атланта0011
2000 Сиднеј0011
2004 Атина1012
2008 Пекинг0011
2012 Лондон
Вкупно1157

Освоени медали на Зимските олимписки игри

[уреди | уреди извор]
Освоени медали на Израел на Зимските олимписки игри
Место на одржување Злато Злато Сребро Сребро Бронза Бронза Вкупно
1936 Гармиш-ПартенкирхенИзраел не учествувал
1948 Санкт МорицИзраел не учествувал
1952 ОслоИзраел не учествувал
1956 Кортина д'АмпецоИзраел не учествувал
1960 Скво ВалиИзраел не учествувал
1964 ИнсбрукИзраел не учествувал
1968 ГреноблИзраел не учествувал
1972 СапороИзраел не учествувал
1976 ИнсбрукИзраел не учествувал
1980 Лејк ПлесидИзраел не учествувал
1984 СараевоИзраел не учествувал
1988 КалгариИзраел не учествувал
1992 АлбервилИзраел не учествувал
1994 Лилехамер0000
1998 Нагано0000
2002 Солт Лејк Сити0000
2006 Торино0000
2010 Ванкувер
Вкупно0000

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • „Освојувачи на олимписки медали“. Меѓународен олимписки комитет.
  • „Олимписки комитет на Израел“. Меѓународен олимписки комитет.