Прејди на содржината

Либан на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Либан на
Олимписките игри
МОК-кодLBN
НОКЛибански олимписки комитет
Мрежно местоlebolymp.org
Медали
Рангирани 123-ти
Златни
0
Сребрени
2
Бронзени
2
Вкупно
4
Летни олимпијади
Зимски олимпијади

Либан' првпат учествува на Олимписките игри во 1936 година кога делегација присуствувала на игрите во Берлин.[1] По создавањето на Либанскиот олимписки комитет во 1947 година, Либан за првпат учествувал на Олимписките игри во 1948 година, и имаат учествува на сите Летни олимписки игри оттогаш со исклучок на оние од 1956 година. Либан е една од трите земји кои ги бојкотирале игрите во 1956 година како знак на протест поради замешаноста на Британија и франција во Суецката криза.

Либан има учествувано и на повеќето Зимски олимписки игри од 1948 година, неучествувајќи само на игрите во 1994 и 1998 година.

Либан исто така има учествувано и на првите Младински олимписки игри во Сингапур во 2010 година.

Либанските спортисти имаат освоено вкупно четири медали, три во борење грчко-римски стил и еден во кревање тегови.

Националниот олимписки комитет на Либан во 1947година и бил признат од страна на МОК во 1948 година.

Либански медалисти

[уреди | уреди извор]
Медали Име Игри Спорт Настан
 СребренЗакарија ЧиабФинска Хелсинки 1952БорењеМажи грчко-римски стил банта
 БронзенКалил ТахаФинска Хелсинки 1952БорењеМажи грчко-римски стил велтер
 СребренМохамед ТарабулсиЗападна Германија Минхен 1972Кревање теговиМажи средна категорија
 БронзенХасан БехараСССР Москва 1980БорењеМажи грчко-римски стил супертешка

Медали по спортови

[уреди | уреди извор]
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Борење0123
Кревање тегови0101
Вкупно0224

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. ↑ Syria, Lebanon, and Jordan By Britannica Educational Publishing
  • „Olympic Medal Winners“. МОК. Посетено на 2007-12-20.
  • „Lebanese Olympic Committee“. International Olympic Committee. Посетено на 2011-08-08.