Судан на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Судан на Олимписките игри

Знаме на Судан
МОК-код  SUD
НОК Судански олимписки комитет
Олимписка историја
Летни олимпијади

Судан првпат учествувал на Олимписки игри во 1960 година, и оттогаш испратил натпреварувачи на повеќето изданија на Летните олимписки игри. Земјата не учествувала на игрите во 1964, ги бојкотирала игрите во 1976 заедно со повеќето африкански земји, и го поддржала бојкотот предводен од САД на игрите во 1980 одржани во Москва. Судан никогаш не учествувал на Зимски олимписки игри.

Исмаил Ахмед Исмаил го донел првиот и единствениот медал за Судан на Олимписките игри, освојувајќи го второто место на трката на 800 метри на Летните олимписки игри 2008.

Националниот олимписки комитет на Судан е основан во 1956 година, а бил признаен од страна на Меѓународниот олимписки комитет во 1959 година.

Список на освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Медал Натпреварувач Игри Спорт Дисциплина
 Сребрен Исмаил Ахмед Исмаил Кина Пекинг 2008 Атлетика 800 метри

Наводи[уреди | уреди извор]

  • „Sudan Olympic Committee“. Меѓународен олимписки комитет. Посетено на 2011-06-14.