Независни учесници на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Независни учесници на олимписки игри


Независните учесници се натпреваруваат
под олимпиското знаме

IOC код   IOA, IOP
Олимписка историја
Летни олимписки игри
Независни учесници (1992)
Независни учесници (2000)
Независни учесници (2012)
Зимски олимписки игри
Независни учесници (2014)

Спортистите се натпреваруваат како независни учесници од најразлични причини, вклучувајќи политичка транзиција и меѓународни санкции. Земји од кои настапувале независни учесници се: Македонија, Источен Тимор, Јужен Судан и Курасао по геополитичките промени пред Олимписките игри, од Федерална Република Југославија (денес Косово, Црна Гора и Србија) како резултат на меѓународните санкции и оние натпреварувачи од Индија како резултат на суспендирањето на Националниот олимписки комитет. Медали биле освоени само на Летните олимписки игри во 1992 година за веме на стрелачките настани.

Именувањата и државните кодови за овие неависни учесници биле под постојана промена.

Претходно[уреди | уреди извор]

Пред 1906 година, влезот на игрите не бил ограничен за екипи номинирани од страна на Националните олимписки комитети (НОК). Мешовити екипи се натпреваувале на одредени екипни настани. Учесниците во поеднинечните настани се соодветно заслужни за своите национални земји.

Зимски олимписки игри 1940 година биле доделени на Гармиш-Партенкирхен во пролетта 1939 година. Со окупацијата на Чехословачка од страна на Нацистичка Германија, организаторите одбиле да го признаат Чехословачкиот НОК, но сепак биле подготени да им дозволат на спортистите да се натпреваруваат под олимпиското знаме.[1] Но сепак, игрите биле откажани поради Втората светска војна.[1]

За време на Студената војна, некои спортисти кои емигрирале од комунистичките земји во Европа не биле во можност да се натпреваруваат на Олимписките игри, бидејќи нивните државни НОК не ги сакале во нивните екипи ниту пак им дале дозвола да ја сменат својата националност. Некои се обиделе да се натпреваруваат како поединци на игрите во 1952 и 1956 година, но биле одбиени.[2]

Кога Гвајана се придружила на бојкотот во 1976 година, нивниот спринтер Џејмс Гилкс побарал од МОк да му дозволи да се натпреварува како поединец, но бил одбиен.[3][4][5]

Летни олимписки игри 1992[уреди | уреди извор]

За време на Летните олимписки игри 1992 година, спортистите од Федерална Република Југославија и Република Македонија се натпреварувале како независни учесници. Македонските спортисти не можеле да се натпреваруваа под нивното знаме, бидејќи не бил оформен Македонскиот олимписки комитет. ФР Југославија (Србија и Црна Гора) била под санкции од Обединетите нации со кои биле спречени да се натпреваруваат на игрите. Сепак, на поединечните Југословенски натпреварувачи им било дозволено да се натпреваруваат како неазависни учесници. 58 спортисти се натпреварувале како независни учесници, и прито освоиле три медали. Во продолжение, 16 спортисти се натпреварувале како независни учесници на Параолимписките игри во 1992 година при што освоиле 8 медали.

Летни олимписки игри 2000[уреди | уреди извор]

На Летните олимписки игри 2000 година, четири спортисти се натпреварувале за Источен Тимор како независни учесници за време на преодот на нивната држава во независност. Двајца спотисти се натпреварувале како независни учесници на Параолимписките олимписки игри во 2000 година.

Летни олимписки игри 2012 година[уреди | уреди извор]

Четворица спортисти се натпреварувале како независни учесници на Летните олимписки игри во 2012 година.

По распадот на Холандските Антили и последователното повлекување на националниот олимписки комитет од МОК, спортистите кои се квалификувале им било дозволено да се натпреваруваат независно. Се натпреварувале тројца спортисти кои ги исполниле условите.

Националниот олимписки комитет на Јужен Судан не бил оформен за време на создавањето на државата и Летните олимписки игри во 2012 година. Еден спортист од Јужен Судан се квалифкувал на игрите, и му било дозволено да се натпреарува како независен учесник.

На спортистите од Кувајт им било дозволено да се натпреваруваат како независни учесници, поради тоа што нивниот национален олимписки комитет (НОК) бил суспендиран. Сепак, успензијата била покрената и им било дозволено на спортистите да се натпреваруваат под државното знаме. Кувајт се натпреварувал на олимпиското знаме на Младинските олимписки игри во 2010 година.[6]

Зимски олимписки игри 2014[уреди | уреди извор]

Индиското олимписко здружение било суспендирано од страна на МОК во 2012 година, поради проблемите со изборот на членови.[7] Нови избори биле закажани на 9 февруари 2014 година, два дена пред почетокот на Зимските олимписки игри во 2014 година.[8] Поради тоа, тројцата индиски спортисти кои се квалификувале за игрите требало да се натпреваруваат како независни учесници.[7]

На 8 и 9 февруари, Шива Кешван учествувал во настанот санкање и го освоил 38-то место. Тој ќе биде единствениот учесник на игрите кој се натпреварувал како независен учесник.

На 11 февруари 2014 МОК го вратил меѓу своите членки Индиското олимписко здружение откако Нарајана Рамачандран, претседателот на Светската сквош федерација, бил избран за нов претседател на Индиското олимписко здружение, дозволувајќи им на останаите двајца индиски спортисти да се натпреваруваат под Индиското знаме, наместо како независни учесници. Ова била прва одлука на МОК за враќање на спортистите за време на тековните Олимписки игри.[9][10]

Летни олимписки игри 2016[уреди | уреди извор]

На 26 октомври 2015 година, претседателот на МОК, Томас Бах, објавил пред Генералното собрание не ООН дека на бегалците ќе им биде дозволено да се натпреваруваат под олимпиското знаме на Летните олимписки игри во 2016 година. Пред оваа промена, која била објавена за време на европската бегалска криза, неможноста на бегалците да ги претставуваат своите НОК не им овозможувало да се натпреваруваат.[11]

Медалисти[уреди | уреди извор]

Медали Име Националност[12] Игри Спорт Настани
 Сребрен Шекариќ, ЈаснаЈасна Шекариќ  Југославија Барселона 1992 Стрелаштво Жени 10 м воздушен пиштол
 Бронзен Биндер, АранкаАранка Биндер  Југославија Барселона 1992 Стрелаштво 10 м воздушен пиштол
 Бронзен Плетикосиќ, СтеванСтеван Плетикосиќ  Југославија Барселона 1992 Стрелаштво Мажи 50 м пушка

Други натпреварувачи под олимпиското знаме[уреди | уреди извор]

На Летните олимписки игри во 1980 година, поради делумната подршка за бојкотот воден од страна на САД, 14 НОК се натпреварувале под олимпиското знаме, додека три земји учеснички, Нов Зеланд, Шпанија и Португалија се натпреварувале под сопствените знамиња.

Советскиот Сојуз се натпреварувал под олимпиското знаме на зимските игри во 1992 година и на Летните игри како Обединета екипа.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Scharenberg, Swantje (2004). „1940 Olympic Winter Games (Never Held)“. John E. Findling, Kimberly D. Pelle. Encyclopedia of the Modern Olympic Movement. Greenwood Publishing Group. стр. 310. ISBN 9780313322785. http://books.google.com/books?id=QmXi_-Jujj0C&pg=PA310. конс. 16 јуни 2013 г. 
  2. Espy, Richard (1981). The Politics of the Olympic Games: With and Epilogue, 1976–1980. University of California Press. стр. 168–9. ISBN 9780520043954. http://books.google.com/books?id=JEA_Ss_2wK0C&pg=PA168. конс. 16 јуни 2013 г. 
  3. „Guyana: Olympic tradition.“. NBC Olympics. NBC. архивирано од оригиналот на 25 април 2012. http://web.archive.org/web/20120425162654/http://www.nbcolympics.com/nations/nation=guyana/library/tabs/_nationTradition.html. конс. 17 октомври 2012 г. 
  4. Anderson, Dave. „James Wilkes [sic deserved to compete in Olympics]“, „Lethbridge Herald“, 26 јули 1976, стр. 12.
  5. James Gilkes: A lost opportunity“, „Stabroek News“, 15 август 2008.
  6. „Olympics-Kuwait to hoist flag at Games after row resolved“. http://www.reuters.com/article/2012/07/14/oly-kuwait-adv13-flag-idUSL6E8IE13520120714. конс. 24 јули 2012 г. 
  7. 7,0 7,1 „Indian athletes to compete under Olympic flag at Sochi Games“. The Globe and Mail. http://www.theglobeandmail.com/sports/olympics/indian-athletes-to-compete-under-olympic-flag-at-sochi-games/article16258165/. конс. 19 јануари 2014 г. 
  8. „Shiva Keshavan qualifies for Sochi Winter Olympics“. The Times of India. http://timesofindia.indiatimes.com/sports/tournaments/2014-sochi-winter-olympics/Shiva-Keshavan-qualifies-for-Sochi-Winter-Olympics/articleshow/29045442.cms. конс. 19 јануари 2014 г. 
  9. „International Olympic Committee reinstates India at Sochi after ban“. CNN. 11 февруари 2014. http://edition.cnn.com/2014/02/11/world/asia/sochi-olympics-india-reinstated/index.html?hpt=hp_t2. конс. 11 февруари 2014 г. 
  10. http://www.olympic.org/news/ioc-executive-board-lifts-suspension-of-noc-of-india/224038
  11. Refugees can compete for first time in 2016 Rio Olympics, IOC head says“, „ESPN.com“, 27 октомври 2015.
  12. The athlete's nationality is listed at the time of the competition.