Летни олимписки игри 1952

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
VI Зимски олимписки игри

Град домаќин Осло, Норвешка
Бр. на држави 69
Бр. на спортисти 4,955
(4,436 мажи, 519 жени)
Натпревари 149 од 17 спортови
Отворени 14 февруари
Затворени 25 февруари
Официјално отворени од: Јухо Кусти Паахикиви
Спортска заклетва Хеики Саволаинен
Олимписки оган Паво Нурми и
Ханес Колехмаинен
Стадион Бислет стадион

Јубилејните 15-ти Летни олимписки игри се одржале во Хелсинки во 1952 година. Градот Хелсинки бил избран за град-домаќин по победата над конкурентските кандидати: Амстердам, Чикаго, Детроит, Лос Анџелес, Минеаполис и Филаделфија на 40-тата сесија на МОК одржана на 21 јуни 1947 година во Стокхолм. Хелсинки требало да биде град-домаќин на игрите во 1940 година, но тие не се одржале поради Втората светска војна.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Летните олимписки игри - 1952
Град Земја Прв круг втор круг
Хелсинки Flag of Finland.svg Финска 14 15
Лос Анџелес US flag 48 stars.svg САД 4 5
Минеаполис US flag 48 stars.svg САД 4 5
Амстердам Flag of the Netherlands.svg Холандија 3 3
Детроит US flag 48 stars.svg САД 2 -
Чикаго US flag 48 stars.svg САД 1 -
Филаделфија US flag 48 stars.svg САД - -

Ретроспектива[уреди]

Паво Нурми со олимпискиот факел в рака го пали Олимпискиот оган
  • Олимпискиот оган бил запален од финските спортски херои Паво Нурми и Ханес Колехмаинен.
  • СССР дебитирал на Олимписките игри. Првиот златен медал за СССР го освоила Нина Ромашкова во дисциплината фрлање диск, а во гиимнастика Советскиот Сојуз го освојува првото од осумте последователни златни медали.
  • И Израел дебитирал на Олимписките игри. Израел требал да дебитира на игрите 4 години пред тоа, но тоа не се случило поради борбата за независност.
  • Унгарија освоила 42 медали (16 златни, 10 сребрени и 16 бронзени) и била трета најуспешна нација што било вистинско изненадување.
  • Унгарскиот златен тим предводен од Ференц Пушкаш го освоил златниот медал во фудбал со победи во сите натпревари, а во финалето поразена била Југославија со 2-0. За Југославија ова бил втор последователен сребрен медал.
  • Германија и Јапонија повторно добиле дозвола и се вратиле на Олимписките игри. Од окупираната и поделена Германија настапиле Западна Германија и Заарланд како посебна земја-учесничка која во 1955 година се припоила со Западна Германија. Источна Германија не учествувала на игрите. За чудо, за прв и единствен пат во историјата на Олимписките игри Германија не освоила златен медал и покрај тоа што била петта по број на освоени медали 24 (7 сребрени и 17 бронзени медали).
  • Правилата во коњичките спортови биле променети. На лицата со воени чинови не им било дозволено да се натпреваруваат, а учествувале и жени. Лис Хартел од Данска станала првата жена којашто освоил златен медал во коњички спортови.
  • Емил Затопек од Чехословачка освоил 3 златни медали во трките на 5.000m, 10.000m и во маратонот. Овие трки пртетходно ги немал трчано.
  • Боб Матијас од САД го одбранил златото освоено 4 години пред тоа во десетобој освојувајќи 7887 поени.
  • Џози Бартел од Луксембург приредил големо изненадување освојувајќи златен медал во трката на 1.500m.

Спортови[уреди]

Демонстративни спортови[уреди]

Земји-учеснички[уреди]

Со сина боја се означени земјите кои за прв пат учествуваат на Олимписките игри

На Летните олимписки игри - 1952 учество земале спортисти од 69 земји што било за 10 повеѓе од игрите 4 години пред тоа. на игрите дебитирале 12 земји: Бахамите, Златен брег (денешна Гана), Гватемала, Хонг Конг, Индонезија, Израел, Холандски Антили, Нигерија, Советскиот Сојуз, Тајланд и Виетнам. Германија којашто била поделена имала 2 претставника Западна Германија и Заарлаанд. За Заарланд ова е прво и единствено самостојно учество. Во 1955 година станува дел од Западна Германија.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 САД 40 19 17 76
2 СССР 22 30 19 71
3 Унгарија 16 10 16 42
4 Шведска 12 13 10 35
5 Италија 8 9 4 21
6 Чехословачка 7 3 3 13
7 Франција 6 6 6 18
8 Финска (домаќин) 6 3 13 22
9 Австралија 6 2 3 11
10 Норвешка 3 2 0 5

Надворешни врски[уреди]