Прејди на содржината

Олимписки спортови

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Олимписки спорт)

Олимписки спортови се спортови кои се дел од Летните и Зимските олимписки игри. На Летните олимписки игри 2012 биле вклучени 26 спортови, а два дополнителни спортови ќе бидат додадени за Летните олимписки игри 2016. Зимските олимписки игри 2014 вклучувале седум спортови.[1] Бројот и видот на дисциплините може да се менува незначително од една на друга олимпијада. Секој олимписки спорт е претставен од меѓународно раководно тело, наречено меѓународна федерација.[2] Меѓународниот олимписки комитет (МОК) воспоставува хиерархија на спортови и дисциплини.[2] Според оваа хиерархија, олимписките спортови можат да бидат поделени на повеќе спортови, кои често се сметаат за различни спортови. Таков пример се пливањето и ватерполото (кои се подспортови на водените спортови, претставени од ФИНА),[3] или уметничкото лизгање и брзото лизгање (подспортови на лизгање, претставени од меѓународната лизгачка организација).[4] Од своја страна, овие спортови можат да се поделат во различни дисциплини, за кои всушност се доделуваат медали.[2] За еден спорт да биде вклучен во официјалната олимписка програма, тој треба широко да се применува во светот и да биде управуван од соодветна спортска федерација.

Претходните изданија на Олимписките игри вклучувале спортови кои повеќе не се дел од официјалната олимписка програма, како поло и влечење јаже.[5] Овие спортови биле подоцна отстранети или поради недостаток на интерес или поради непостоење на соодветно раководно тело.[2] Стреличарство и тенис се пример на спортови кои биле практикувани на раните игри и биле отстранети од МОК, но подоцна повторно успеале да се вратат на програмата (во 1972 и 1988 редоследно). Показните спортови често биле вклучени на Олимписките игри, обично за промоција на локален спорт од страна на градот домаќин или за да се измери интерсот и поддршката за спортот.[6] Некои такви спортови, како бејзбол и карлинг, биле додадени во официјалната олимписка програма (во 1992 и 1998 редоследно). Сепак, бејзболот бил отстранет од програмата по Летните олимписки игри 2008.

Дефиниција за олимписки спорт

[уреди | уреди извор]

Терминот "спорт" во олимписката терминологија се однесува на сите дисциплини кои се управувани од страна на една меѓународна спортска федерација, дефиниција која се разликува од вообичаеното значење на зборот спорт. Еден спорт, по олимписката дефиниција, може да биде поделен на повеќе спортови, кои се сметаат за различни спортови во заедничкиот јазик.

На пример: водените спортови се летен олимписки спорт кои вклучува шест подспортови: пливање, синхронизирано пливање, скокови во вода, ватерполо, далечинско пливање и високи скокови во вода (последниот не е олимписки спорт) и сите овие спортови се ракоодени од страна на ФИНА.[1] Лизгањето е Зимски олимписки спорт раководен од меѓународната лизгачка организација и вклучува четири подспорта: уметничко лизгање, брзо лизгање (на традиционална долга патека), брзо лизгање на кратки патеки и синхронизирано лизгање (последниот не е олимписки спорт).[1] Спорт со најголем број на подспортови е скијањето, со шест и тоа: алпско скијање, скијачко трчање, скијачки скокови, нордиска комбинација, скијање на даска и слободно скијање.

Дисциплина, по дефинија на МОК, е натпреварување кое води кон доделување на медали. Според тоа, водените спортови вклучуваат 46 олимписки дисциплини, од кои 32 се во пливањето, осум во скокови во вода, и по две во синхронизираното пливање, ватерполото и далечинското пливање.

Промени во олимписките спортови

[уреди | уреди извор]
Карлингот бил промовиран како официјален олимписки спорт на Зимските олимписки игри 1998 во Нагано.

Списокот на олимписки спортови значително се променил во текот на историјата на Олимписките игри, и постепено се зголемил до почетокот на раните 2000-тите години, кога МОК одлучил да го ограничи бројот на спортови на 28 на Летните олимписки игри.

Единствени спортови кои никогаш не биле исклучени од програмата се: атлетика, пливање, велосипедизам, мечување, и гимнастика (спортската гимнастика била дел на сите изданија).

Единствени спортови кои никогаш не биле исклучени од програмата се: скијање (единствено нордиско скијање), лизгање (уметничко лизгање и брзо лизгање) и хокеј на мраз. Уметничкото лизгање и хокејот на мраз биле вклучени на Летните олимписки игри пред да се воведат Зимските олимписки игри во 1924 година.

Во поголемиот дел од 20. век, показни спортови биле вклучени во многу изданија на Олимписките игри, обично за промоција на локален спорт од страна на градот домаќин или за да се измери интерсот и поддршката за спортот.[6] Натпреварите и церемониите во овие спортови биле исти како со официјалните олимписки спортови, но доделените медали не се броеле во официјалниот извештај. Некои показни спортови, како бејзболот и карлинот, биле подоцна додадени на официјалната олимписка програма. Ова се променило кога Меѓународниот олимписки комитет во 1989 година одлучил да ги отстрани показните спортови од игрите по 1992 година.[7] Исклучок бил направен во 2008 година, кога Пекиншкиот организационен комитет добил дозвола да организира турнир во вушу.[8][9]

За еден спорт да биде вклучен во официјалната олимписка програма, тој треба широко да се применува во светот. Условите за зимските спортови се пониски отколку летните спортови поради тоа што на Зимските олимписки игри учествуваат помалку земји. МОК исто така има пониски услови за вклучување на спортови за жени поради истата причина. Жените сè уште се спречени да учествуваат во некои спортови; но од друга страна, постојат и спортови само за жени како ритмичката гимнастика и синхронизираното пливање.

Претходните изданија на Олимписките игри вклучувале спортови кои повеќе не се дел од официјалната олимписка програма, како поло и влечење јаже.[1] Во раните години на модерните Олимписки игри, организаторите биле во можност да одлучат кои спортови ќе бидат вклучени во програмата, сè додека МОК не ја преземал контролата на програмата во 1924 година. Како резултат на тоа, многу спортови биле дел од програмата за краток временски период пред 1924 година.[2] Овие спортови биле подоцна отстранети или поради недостаток на интерес или поради непостоење на соодветно раководно тело. Некои прекинати спортови, како стреличарство и тенис, биле повторно додадени на олимписката програма (во 1972 и 1988 редоследно). Карлингот, кој бил официјален спорт во 1924 година, а потоа отстранет, бил повторно воведен како олимписки спорт во 1998 година.

Летни олимписки игри

[уреди | уреди извор]

Моментални и прекинати спортови

[уреди | уреди извор]

Седум од спортовите се состојат од подспортови. Подспортовите се групирани во иста боја:

     Водени спортови     Кану/Кајак     Велосипедизам     Гимнастика     Одбојка     Коњички спорт     Борење

Спорт Тело 96 00 04 06 08 12 20 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 96 00 04 08 12 16
 
Моментални летни спортови
 
Скокови во вода FINA 212455444444444444444488888
Пливање 4794691011111111111113151829292626293131323232343434
Синхронизирано пливање 222122222
Ватерполо 11111111111111111111122222
 
Кану/кајак (спринт) ICF 999977771111121212121212121212
Кану/кајак (слалом) 44444444
 
BMX UCI 222
Планински велосипедизам 222222
Друмски велосипедизам 11222222222222222333444444
Велодромски велосипедизам 527574444444445554456781212101010
 
Спортска гимнастика FIG 811142449811991515141414141414141414141414141414
Ритмичка гимнастика 111222222
Трамболина 22222
 
Одбојка (плажа) FIVB 222222
Одбојка (во сала) 22222222222222
 
Коњички спорт/Дресирање FEI 111222222122222222222222
Коњички спорт/Повеќебој 222222222222222222222222
Коњички спорт/Прескокнување 3222222222222222222222222
 
Слободен стил UWW 755777788888810101010101010811111112
Грчко-Римски стил 1445566778888881010101010101087776
 
Стреличарство WA 66310222244444444
Атлетика IAAF 1223252126302927272929333333343636383738414243444646474747
Бадминтон BWF 4555555
Кошарка FIBA 1111111122222222222
Бокс AIBA 758888881010101011111111121212121211111313
Мечување FIE 37584567777777888888888101010101010
Хокеј на трева FIH 11111111111112222222222
Фудбал FIFA 111111111111111111111222222
ГолфIGF 222
Ракомет IHF 1122222222222
Џудо IJF 46688714141414141414
Современ петобој UIPM 111111122222222222122222
Веслање FISA 456445777777777771414141414141414141414
Рагби-7WR 2
Едрење ISAF 7441433445555556667810101111111010
Стрелаштво ISSF 59161518211023477667877111313151717151515
Пинг-понг ITTF 44444444
Теквондо WTF 88888
Тенис ITF 2424685544444455
Триатлон ITU 22222
Кревање тегови IWF 222555556777779910101010101515151515
 
Прекинати летни спортови
 
Коњички спорт/АкробацииFEI 2
 
РагбиWR 1111
 
БејзболIBAF 11111
Баскиска пелотаFIPV 1
КрикетICC 1
КрокетWCF 3
ЛакросFIL 11
Же де пом 1
ПолоFIP 11111
Рекетс 2
Роке 1
СофтболISF 1111
Влечење јажеTWIF 111111
Водно-моторни спортовиIWWF 3
 
Уметничко лизгањеISU 43Додадени на програмата на Зимските олимписки игри
Хокеј на мразIIHF 1
 
Вкупно дисциплини 43859478110102156126109117129136149151150163172195198203221237257271300301302302306
Спорт Тело 96 00 04 06 08 12 20 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 96 00 04 08 12 16

(•) означува спорт кој бил показен.

Класификација на олимписките спортови по поделба на приходот

[уреди | уреди извор]

Летните олимписки спортови се поделени во категории во основа на популарноста, измерена по: телевизиска гледаност (40%), интернет популарност (20%), јавни анкети (15%), побарувања за билети (10%), покриеност на прес (10%), и број на национални федерации (5%). Категоријата го определува уделот кој спортската меѓународна федерација го добива од олимпискиот приход.[10][11]

Моменталните категории се наведени подолу. Категоријата А ги претставува најпопуларните спортови; категоријата E ги претставува спортовите или кои се најмалку популарни, или се нови на Олимписките игри (голф и рагби).

КатегоријаПоединечен спортЕкипен спорт
Aатлетика, водени спортови, гимнастика——
Bвелосипедизам, тенискошарка, фудбал, одбојка
Cстреличарство, бадминтон, бокс, џудо, веслање
стрелаштво, пинг-понг, кревање тегови
——
Dкану/кајак, коњички спорт, мечување,
едрење, теквондо, триатлон, борење
ракомет, хокеј на трева
Eсовремен петобој, голфрагби

Зимски олимписки игри

[уреди | уреди извор]

Пред 1924 година, кога првите Зимски олимписки игри биле одржани, спортови одржани на мраз, како уметничко лизгање и хокеј на мраз, се одржувале на Летните олимписки игри.[12] Овие два спортови дебитирале на игрите во 1908 и 1920 редоследно, но биле трајно внесени на програмата на Зимските олимписки игри од првото издание.

За еден спорт да може да биде внесен на официјалната програма на Зимските олимписки игри, тој треба да биде применуван во 25 земји и на три континенти.[2]

Моментални спортови

[уреди | уреди извор]

Три од спортовите се состојат од подспортови. Подспортовите се групирани во иста боја:

     Лизгање     Скијање     Санкање

Спорт Тело 08 20 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 18
 
Уметничко лизгање ISU 43 33333333333444444444455
Брзо лизгање   54444448888999101010101012121214
Брзо лизгање на кратки патеки   46688888
 
Хокеј на мраз IIHF  1 11111111111111111222222
Карлинг WCF   1222223
 
Скијачко трчање FIS   2223346677777881010101212121212
Алпско скијање   26666666666101010101010101011
Скијачки скокови   11111111222222333333344
Нордиска комбинација   11111111111111222233333
Слободно скијање   2444461010
Скијање на даска   44661010
 
Биатлон IBU   111111222333666810101111
Санкање FIL   333333333333344
 
Боб FIBT   1122222222222222233333
Скелетон   1122222
 
Вкупно дисциплини 16141417222224273435353738394657616878848698102

1 Како воена патрола.

(•) означува спорт кој бил показен.

  1. 1 2 3 4 „Olympic Sports“. International Olympic Committee. Посетено на 2010-03-13.
  2. 1 2 3 4 5 6 „Olympic Sports, Disciplines & Events“. HickokSports.com. 2005-02-04. Архивирано од изворникот на 2007-04-18. Посетено на 2007-03-18.
  3. „Aquatics“. Sports. International Olympic Committee. Посетено на 2007-04-06.
  4. „Skating“. Sports. International Olympic Committee. Посетено на 2007-04-06.
  5. „Olympic sports of the past“. Sports. International Olympic Committee. Посетено на 2007-04-06.
  6. 1 2 „Demonstration Sports at the Olympic Games“. Top End Sports. 2007-01-26. Посетено на 2007-03-18.
  7. „Albertville 1992“. International Olympic Committee. Посетено на 2008-07-08.
  8. „Wushu to be part of Beijing Olympic Games“. News Guangdong. 2005-10-14. Посетено на 2007-03-18.
  9. „Rogge says wushu no "Olympic sport" in 2008“. Xinhua News Agency. 2005-10-16. Посетено на 2007-03-18.
  10. „Athletics to share limelight as one of top Olympic sports“. The Queensland Times. 2013-05-31. Посетено на 2013-07-18.
  11. „Winners Include Gymnastics, Swimming - and Wrestling - as IOC Announces New Funding Distribution Groupings“. The Association of Summer Olympic International Federations. Архивирано од изворникот на 2014-07-14. Посетено на 2013-07-18.
  12. „A History of Winter Olympic Games: Celebration and Contrariety“. WorldWeb Travel Guide. 2000. Архивирано од изворникот на 2010-02-13. Посетено на 2008-08-01.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]