VI Зимски олимписки игри се одржале од 14 до 25 февруари1952 година во Осло, Норвешка. Со тоа, Зимските оимпсики игри за првпат биле организирани во Скандинавија, од каде што се смета дека потекнуваат современите зимски спортови.
Во натпреварувачката програма на игрите, за првпат биле вклучени и натпревари во скијачко трчање за жени.
Градот Осло бил избран за домаќин на игрите, во конкуренција на уште два града. Гласањето се одало на 40. седница на МОК, која се одржала во Стокхолм на 21 јуни 1947 година. Со изборот, Осло станал првиот и досега единствен град, кој за време на одржувањето на Зимските олимписки игри бил главен град на земјата-домаќин на игрите.[а] Ова биле првите Зимски олимписки игри, за кои градот-домаќин бил избран по пат на гласање од страна на претставници на земјите-членки на МОК.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1952[1]
Спортистите биле одликувани со медали, натпреварувајќи се во 22 дисциплини во 6 спортови. Демонстративен спорт бил спортот бенди, кој претставува варијанта на спортот хокеј на мраз, но не се игра со стандардната плочка (пак), туку со топче.
Вкупно 694 спортисти од рекордни дотогаш 30 земји улествувале на Зимските олимписки игри во Осло. Своето прво учество го забележале Нов Зеланд и Португалија. Повратници на Зимските олимписки игри биле Австралија, Германија[б] и Јапонија, а Јужна Кореја, Лихтенштајн и Турција не учествувале на игрите, иако учествувале во 1948 година.