Зимски олимписки игри 1976

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
XII Зимски олимписки игри - Инсбрук 1976
XII Зимски олимписки игри - Инсбрук 1976
Град домаќин Инсбрук, Австрија
Број на држави 37
Број на спортисти 1123 (892 мажи и 231 жена)
Број на спортови 6
Број на натпревари 37
Отворање 4 февруари 1976
Затворање 15 февруари 1976
Стадион

XII Зимски олимписки игри се одржале од 4 до 15 февруари 1976 година во Инсбрук, Австрија. Меѓународниот олимписки комитет имал доста потешкотии со организацијата на овие игри. Имено, првоизбраниот град-домаќин на игрите Денвер, поради неможноста за остварување на финансискиот план, кој не бил изгласан на реферндум од страна на граѓаните, градот морал да се откаже од организацијата. Следниот кандидат бил градот Винслер, но и во овој случај имало тешкотии, бидејќи по изборот на новата влада, челниците се ооткажале од организацијата на игрите. Тогаш, од МОК стигнала молба до градот Инсбрук, кој како град-домаќин на Зимските олимпсики игри 1964 ја имал потребната инфраструктура, само 12 години по организирањето на игрите, повторно да биде град-домаќин.

Маскота на игрите бил тиролскиот снешко.

Игрите биле одбележани по строгите безбедносни мерки, поради стравот од терористички напади, како ониие четири години порано, кога за време на одржувањето на Летните олимписки игри во 1972 година, 8 Палестинци киднапирале 11 израелски спортисти.

Избор на град-домаќин[уреди]

Во конкуренција за организација на игрите биле градовите: Денвер, Сион, Тампере и Вислер. Организацијата на игрите му била доделена на градот Денвер во мај 1970, но трикратното зголемување м на трошоците и грижата за околината совеле, градот да се откаже од организацијата на игрите на 7 ноември 1972, откако граѓаните на референдум не ја изгласале можноста, организацијата на игрите да се финансира со издавање на хартии од вредност во износ од 5 милиони $.[1][2]

Официјално, денвер се откажал од организацијата на игрите на 15 ноември, а МОК организацијата му ја понудил на градот Вислер во Канада, кој поради незаинтересираноста на новоизбраната влада да ја финансира организацијата на игрите, морал да се откаже од истата. Конечно, организацијата на игрите била доделана на градот Инсбрук.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1976[3]
Град Земја Прв круг Втор круг Тет круг
Денвер Flag of the United States.svg САД 29 29 39
Сион  Швајцарија 18 31 30
Тампере  Финска 12 8 -
Ванкувер-Гарибалди  Канада 9 - -

Краток преглед[уреди]

  • Миленикот на публиката Франц Кламер победил во дисциплината спуст во алпско скијање. Снимката од неговото возење, во која може да се забележи дека при целото негово возење во долниот дел од патеката, бил на граница од излетување, и денес им го одзема здивот на многу гледачи.
  • Рози Митермаер од Западна Германија доминирала во алпско скијање во женска конуренција. Таа освоила злато во дисциплините спуст и слалом и сребро во велеслалом, заостанувајќи само 0,13 s.[4]
  • Во уметничко лизгање, Британецот Џон Кери, кој уште пред игрите бил познат по своето елегантно и примамливо лизгање успеал да ги поправи грешките при изведувањето на техничките елементи, за кои судиите најчесто го казнувале и со одлично лизгање доминантно го освоил златниот медал.
  • На овие игри, започнала доминацијата на натпреварувачите од Источна Германија во боб четворорсед. Тие го освоиле првото од трите последователни златни медали на Олимписките игри.
  • Хокејарската репрезентација на Советскиот Сојуз го освоила четвртото последователно злато на Олимписките игри. Репрезентацијата на Канада повторно ги бојкотирала игрите.
  • Советската лизгачка Татјана Аверина освоила два златни и два сребрени медали во брзо лизгање, а натпреварувачите од САД во истиот спорт освоиле вкупно 6 медали.[5]
  • Со напредокот на спортската технологија, во спортовите алпско скијање, брзо лизгање и скијачки скокови, за прв пат натпреварувачите носеле заштитна опрема, која вклучувала и кациги на главите.[6]
  • Олимпискиот оган бил запален во нов казан, но по игрите и двата казана (и оној во кој бил запален огнот во 1964 година) биле симнати.
  • За прв пат, натпреварите во боб и санкање се одржале на иста патека.

Спортови[уреди]

Натпревари за освојување на медали имало во 37 дисциплини во 6 спортови.

Земји-учеснички[уреди]

На игрите учествувале 1123 спортисти од 37 земји. Република Кина, за последен пат на Олимписките игри учествувала под ова име. По признавањето на НР Кина како легитимна земја со власт над целата територија на Кина, спортистите од Република Кина биле принудени да настапуваат под името Кинески Тајпеј, со старо знаме и национална песна, наместо националната химна. За прв пат на Зимските олимписки игри уествувале споритисти од Андора и Сан Марино.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 СССР СССР 13 6 8 27
2 Flag of East Germany.svg Источна Германија 7 5 7 19
3 Flag of the United States.svg САД 3 3 1 7
4  Норвешка 3 3 1 7
5 Flag of Germany.svg Западна Германија 2 5 3 10
6  Финска 2 4 1 7
7  Австрија 2 2 2 6
8  Швајцарија 1 3 1 5
9  Холандија 1 2 3 6
10  Италија 1 2 1 4

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

Надворшни врски[уреди]