Снешко
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Снешко — статуа изработена од снег во облик на човек. Типичниот Снешко се состои од три големи снежни топки со различна големина, како и некои додатоци како замена за рацете (најчесто, гранки), за носот (најчесто, морков), за устата, итн.
Снешко како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
- „Снешко“ — поетска збирка на македонскиот писател Славко Јаневски од 1948 година.
- „Дедо Мраз, Дедо Врелчо, Снешко Црнчо и Снешко Белчо“ — книга на македонскиот писател Александар Кујунџиски од 2006 година.
- „Спаси го“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[1]
- „Снешко“ (англиски: Snowman) — песна на британската панк-рок група Anti Nowhere League од 1982 година.[2]
- „Снешко сака да се вози“ — песна за деца на македонскиот композитор Стефан Гајдов од 1970 година.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 50.
- ↑ YouTube, Anti Nowhere League- Snowman (пристапено на 25.12.2016)