Зимски олимписки игри 1972
XI Зимски олимписки игри - Сапоро 1972 | |
Град домаќин | Сапоро, Јапонија |
Број на држави | 35 |
Број на спортисти | 1006 (801 маж и 205 жени) |
Број на спортови | 6 |
Број на натпревари | 35 |
Отворање | {{{Отворање}}} |
Затворање | 13 февруари 1972 |
Стадион |
XI Зимски олимписки игри се одржале од 3 до 13 февруари 1972 година во Сапоро, Јапонија. За првпат Зимските олимпсики игри биле одржани во Азија.
Прашањето за разликите меѓу професионалниот и аматерскиот спорт, сè уште не било решено. Имено, три дена пред започнувањето на игрите, претседателот на МОК Ејвори Брендиџ изјавил дека 40 апски скијачи може да бидат дисквалификувани, поради вмешаност во рекламирање. Така, австрискиот скијач, Карл Шранк, добил забрана да учествува на игрите, поради тоа што бил платен за рекламирање на компанија за скијачка опрема. Истовремено, хокеарите од источноевропските земји, кои професионално се занимавале со спортот во својата земја, за што биле плаќани, учествувале на игрите.[1] Поради тоа, хокеарската репрезентација на Канада ги бојкотирала игрите, поради тоа што не можела да се засили со професионалци од НХЛ лигата, а морала да се соочи со професионалците во репрезентативците на Советскиот Сојуз и Чехословачка.
Организаторите на игрите заработиле 8,47 милиони $ за доделување на правата за телевизиски пренос од игрите.[2]
Избор за град-домаќин
[уреди | уреди извор]Градот Сапоро ја добил организацијата на игрите во 1940, но Јапонија се откажала од организацијата на игрите по Втората сино-јапонска војна. Игрите во 1940 година, подоцна биле откажани и поради започнувањето на Втората светска војна. Сепак, организација на Олимписки игри на градот му била доделена во 1972 година, со што сите градови кои требале да организираат игри за време на Втората светска војна, подоцна биле организатори на Олимписките игри.
Одлуката за доделување на организацијата на Зимските олимписки игри во 1972 година била донесена на 64. седница на МОК, која се одржала во Рим на 26 април 1966 година. Градот бил избран, во конкуренција на Банф, Лахти и Солт Лејк Сити.
Резултати од гласањето за избор на град-домаќин на Зимските олимписки игри 1972[3] | |||||
---|---|---|---|---|---|
Град | Земја | Прв круг | |||
Сапоро | Јапонија | 32 | |||
Банф | Канада | 16 | |||
Лахти | Финска | 7 | |||
Солт Лејк Сити | САД | 7 |
Краток преглед
[уреди | уреди извор]- Ѕвездени моменти за домашните натпреварувачи имало во спортот скијачки скокови, во кој во натпреварот на малата скокалница ги освоиле сите три медали. Златото го освоил Јукио Касаи, што бил и прв златен медал за Јапонија на Зимските олимписки игри воопшто.
- Во алпско скијање, големо изненадување приредил Фернандес Охоа пд Шпанија, кој убедливо победил во слалом. Во женска конкуренција, Швајцарката Мари Терез Надиг изненадувачки победила во натпреварите во спуст и велеслалом.
- Магнар Солберг од Норвешка станал првиот победник, којшто успеал да го одбрани златниот медал во биатлонската трка на 20 км.[1]
- Во скијачко трчање во женска конкуренција доминирала Галина Кулакова од Советскиот Сојуз, која освоила злато во сите три дисциплини (во трките на 5 и 20 км и во штафетната трка 4х7,5 км).
- Во брзо лизгање се истакнал исказао Холанѓанецот Адријанус Шенк, кој освоил три златни медали, победувајќи во трките на 1500, 5000 и 10000 m, а поставувајќи притоа два Олимписки рекорди. Холанѓаните толку многу се гордееле со овој успех на нивниот спортист, така што по игрите во негова чест нарекле еден цвет.
- Игрите биле последни на кои можело да се освои злато за натпреварување со дрвени скии. Оттогаш, врвните скијачи во скијачко трчање се натпреварувале со скии изработени од фиберглас.[4]
Спортови
[уреди | уреди извор]На игрите, биле доделени медали во 35 дисциплини во 6 спортови, а демонстративни спортови повторно немало.
Земји-учеснички
[уреди | уреди извор]Вкупно 1006 спортисти од 35 земји учествувале на игрите во Сапоро.
Освојувачи на медали
[уреди | уреди извор]Место | Земја | Злато | Сребро | Бронза | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
1 | СССР | 8 | 5 | 3 | 16 |
2 | Швајцарија | 4 | 3 | 3 | 10 |
3 | Холандија | 4 | 3 | 2 | 9 |
4 | Источна Германија | 3 | 4 | 7 | 14 |
5 | САД | 3 | 2 | 3 | 8 |
6 | Западна Германија | 3 | 1 | 1 | 5 |
7 | Норвешка | 2 | 5 | 5 | 12 |
8 | Италија | 2 | 2 | 1 | 5 |
9 | Австрија | 1 | 2 | 2 | 5 |
10 | Шведска | 1 | 1 | 2 | 4 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Сапоро 1972, МОК
- ↑ Washington Post
- ↑ „The International Olympic Committee Vote History“. Архивирано од изворникот на 2008-05-25. Посетено на 2010-02-10.
- ↑ „aolhometown“. Архивирано од изворникот на 2007-06-18. Посетено на 2010-02-10.
Надворшни врски
[уреди | уреди извор]„Зимски олимписки игри 1972“ на Ризницата ? |
- Сапоро 1972, МОК
|