Зимски олимписки игри 1968

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
X Зимски олимписки игри - Гренобл 1968
X Зимски олимписки игри - Гренобл 1968
Град домаќин Гренобл, Франција
Број на држави 37
Број на спортисти 1158 (947 мажи и 211 жени)
Број на спортови 6
Број на натпревари 35
Отворање 6 февруари 1968
Затворање 18 февруари 1968
Стадион

X Зимски олимписки игри се одржале од 6 до 18 февруари 1968 година во Гренобл, Франција.

Ова биле првите Олимписки игри, кои неофицијлално имале маскота. Маскотата на игрите бил нацртаниот скијач Шус.[1]Исто така, за прв пат на Зимските олимписки игри биле воведени антидопинг и полови тестови за натпреварувачите.

Телевизиската компанија ABC ги емитувала натпреварите од игрите во боја, со што ова биле првите Олимписки игри со телевизиско емитување во боја.

Меѓународниот олимписки комитет дозволил спортистите од Источна и Западна Германија да ги претставуваат своите земји оделно.

Избор на град-домаќин[уреди]

На градот Гренобл му била доделена организацијата на игрите на 61. седница на МОК, одржана на 28 јануари 1964 година во Инсбрук. Другите кандидати за организација на игрите биле Калгари, Лахти, Сапоро, Лејк Плесид и Осло.

Резултати од гласањето за избор на град-домаќин
на Зимските олимписки игри 1968[2]
Град Земја Прв круг Втор круг Трет круг
Гренобл  Франција 15 18 27
Калгари, Alberta  Канада 12 19 24
Лахти  Финска 11 14 -
Сапоро Flag of Japan.svg Јапонија 6 - -
Лејк Плесид Flag of the United States.svg САД 3 - -
Осло  Норвешка 1 - -

Краток преглед[уреди]

  • Домашниот натпреварувач Жан Клод Кили победил во сите дисциплини во алпско скијање, но неговиот успех бил засенет со една од најголемите контроверзи во историјата на Зимските олимписки игри. Имено, Австриецот Карл Шранц тврдел дека мистериозен човек облечен во црно му се испречил за време на неговото возење и го принудил да застане. По повторувањето на возењето, Шранк остварил подобро време од она на Кили. Сепак, по завршувањето на трката, жирито го дисквалификувало Шранк и златото му го доделило на Кили.[3]
  • Источногерманските натпреварувачки во санкање освоиле злато, сребро и пласман на четвртото место, но сите биле дисквалификувани поради наводно загревање на санките пред почетокот на трката.
  • Шведската скијачка Тоини Густафсон освоила два златни медали во скијачко трчање, победувајќи во двете трки поединечно (трките на 5 и 10 km) и освојувајќи сребрен медал во штафетната трка.
  • Советската брачна и спортска двојка во уметничко лизгање, Људмила Белосова и Олег Протопопов, го одбраниле златото освоено на игрите во Инсбрук.
  • Легендарниот италијански натпреварувач во боб, Еуџенио Монти освоил златни медали во боб двосед и боб четирисед.
  • Сите натпревари во боб морало да започнат пред изгрејсонце, а да завршат кратко по зората, бидејќи патеката била дизајнирана со недоволен капацитет за разладување и цврстината на мразот можела да се намали на дневна светлина.
  • Во трката на 3000 m во женска конкуренција во брзо лизгање, првите 10 лизгачки оствариле време побрзо од Олимпискиот рекорд, поставен на игрите во Скво Вели. Сепак, победничката Хохана „Анс“ Шут од Холандија не успеала да го пдообри светскиот рекорд, сè до идната година на натпреварување на истото место.
  • За прв пат на Зимските олимписки игри, претставниците на Советскиот Сојуз не освоиле најголем број на златни и вкупно медали. Претставниците на Норвешка успеале за кратко да ја прекинат советската доминација.

Спортови[уреди]

Учесниците на игрите се натпреварувале во 35 антпреварувачки дисциплини во 6 спортови. На игрите немало демонстративни спортови.

Земји-учеснички[уреди]

Вкупно 1158 спортисти од 37 земји учествувале на игрите. За прв пат на игрите учествувале претставници на Мароко, а за прв пат спортистите од Источна и Западна Германија ги претставувале своите земји оделно.

Освојувачи на медали[уреди]

 Ранг  Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Норвешка 6 6 2 14
2 СССР СССР 5 5 3 13
3  Франција 4 3 2 9
4  Италија 4 0 0 4
5  Австрија 3 4 4 11
6  Холандија 3 3 3 9
7  Шведска 3 2 3 8
8 Flag of German Olympic Team 1960-1968.svg Западна Германија 2 2 3 7
9 Flag of the United States.svg САД 1 5 1 7
10 Flag of German Olympic Team 1960-1968.svg Источна Германија 1 2 2 5
 Финска 1 2 2 5

Видете исто така[уреди]

Портал „Олимписки игри

Наводи[уреди]

Надворшни врски[уреди]