Боб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Боб е зимски спорт во кој натпреварувачите пробуваат во што пократко време да се спуштат по договореноата замрзната патека во специјални аеродинамични санки, која исто така се нарекува боб. Боб е стандарден спорт на Зимските олимписки игри од 1924 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Традиционални боб четверосед око 1910. године у Давосу, Швајцарска

Боб како спорт прв пат е прикажан во Швајцарија, на крај од 19 век. Првите натпревари се одржавале на замрзнати патишта, и на дрвени санки.[1] На почетокот се натпреварувале 5-6 членови на екипажот во еден боб, за подоцна да бидат пропишани две дисциплини: боб четворосед и боб двосед.

1923 година основана е Меѓународна боб федерација или кратко ФИБТ (скратеница од Француски јазик -{Fédération Internationale de Bobsleigh et de Tobogganing}-). Веќе на Зимските олимписки игри во 1924 внесена е дисциплината боб четвороседа, а на Зимските олимписки игр 1932 и дисциплината боб двосед, и тоа само за мажи. Тие две дисциплини биле во програма на сите игри од тогаш, освен на Зимските олимписки игри 1960 кага бобот бил привремено вон програма. Освојувачите на олимписки медаљи во боб двосед за жени уклучиле и дисицплини двосед на Зимските олимписки игри 2002.

Освен на Зимските олимписки игри натпреварувањата во боб се одржуваат низ Светски и Европски првенства, како и Светски куп. Најуспешна нација во боб натпреварување се Швајцарија, Германија и Канада, а добри представници повремено имаат и Италија, Русија, САД и Австрија.

Дисциплини[уреди | уреди извор]

Постојат две дисциплини боб: четворосед и двосед. Додека мажите се натпреваруваат во двете дисциплини, жените се натпреваруваат само во дисциплината двосед. За секоја дисциплина строго се препишани димензии на бобот:

  • максимална должина на бобот од 3,8 m (четворосед) односно 2,7 m (двосед)
  • максимална тежина вклучваќи го екипажот 630 kg (четворосед) односно 390 kg (двосед) и 340 kg (женски двосед)

За да постигне дозволена максимална тежина, екипажот смее во бобот да додаде одреден број метални тегови. Причината е секако тој боб што тежи повеќе постигнува поголема брзина спуштајќи се по стазата. Пред воведување на правилата за максимална тежина на бобот по правило настапувале потешки натпреварувачи.

Екипажот се состои од пилот, кочничара и во случај на четворосед уште два члена на екипажот. За успешен настап потребна е сила и брзина на екипажот со иницијално туркање на бобот, и подоцна тоа е уметност на пилотот кој треба на патеката да го пронајде оптималниот пат и во што пократко време да ја помине стазата пазејќи при тоа да не се случи превртување или излетување од стазата. Кочничарот на бобот го забавува при поминувањето низ целта, додека кочење на самата патека не е дозвољено.

Наводи[уреди | уреди извор]