Синхронизирано пливање на Летните олимписки игри 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Синхронизирано пливање
на Летните олимписки игри 2016
ОдржувалиштеЦентар за водени спортови Марија Ленк
Денови14−19 август
Натпреварувачи104
«20122020»
Синхронизирано пливање на
Летните олимписки игри 2016

Synchronized swimming pictogram.svg
Список на натпреварувачки
Парови   жени
Екипно жени

Натпреварите во синхронизирано пливање на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Жанеиро се одржале од 14 до 19 август 2016 година, во Центарот за водени спортови Марија Ленк.[1] Учествувале вкупно 104 натпреварувачки во две дисциплини, парови и екипно за жени.

Квалификации[уреди | уреди извор]

За екипното натпреварување, најдобро рангираните НОК во секој од петте континентални првенства, со исклучок за земјата домаќин, Бразил, која го претставува панамериканскиот континент, обезбедуваат сигурно место на игрите, додека останатите НОК конкурираат меѓусебно за трите највисоко рангирани места на Олимпискиот квалификациски турнир. Во дисциплината парови, најдобро рангираните НОК во секој од петте континентални првенства кои немаат квалификувана екипа обезбедуваат пласман на игрите, додека другите единаесет најдобро рангирани НОК ќе бидат избрани преку Олимпискиот квалификациски турнир. Осумтте НОК кои веќе имаат квалификувано екипа мора автоматски да изберат кои пливачки ќе ги сочинуваат паровите.[2]

Земји учеснички[уреди | уреди извор]

Освојувачи на медали[уреди | уреди извор]

Дисциплина Злато Сребро Бронза
Парови
подробно
 Русија (RUS)
Наталија Ишченко
Светлана Ромашина
 Кина (CHN)
Хуан Ксуечен
Сун Венјан
 Јапонија (JPN)
Јукико Инуи
Рисако Мицуи
Екипно
подробно
 Русија (RUS)
Влада Чигирева
Наталија Ишченко
Светлана Колесниченко
Александра Патскевич
Светлана Ромашина
Аља Шишкина
Марија Шурочкина
Гелена Топилина
Елена Прокофјева
 Кина (CHN)
Гу Сиао
Гуо Ли
Ли Сиаолу
Лиан Синпин
Сун Венјан
Тан Менгни
Јин Ченгсин
Зен Жен
Хуан Ксуечен
 Јапонија (JPN)
Аика Хакојама
Јукико Инуи
Кеи Марумо
Рисако Мицуи
Канами Накамаки
Маи Накамура
Кано Омата
Кируми Јошидаa
Аико Хајаши

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 0 0 0 0
Вкупно 2 2 2 6

Наводи[уреди | уреди извор]