Прејди на содржината

Национален олимписки комитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од НОК)

Националните олимписки комитети (НОК) се претставници на светското олимписко движење во поединечни земји. Подлежат на контрола од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и се одговорни за организирање на учеството на нивната земја во Олимписките игри. Кога се врши избор за град-домаќин комитетите можат да предлагаат градови во рамките на своите земји. НОК воедно го промовираат развојот на спортистите и обуката на тренерите и службениците во нивната земја.

Олимпискиот комитет задолжен за Република Македонија е Македонскиот олимписки комитет

Постојат 204 национални олимписки комитети,[1] кои претставуваат суверени држави и разни територии. 192 од 193-те земји членки на ООН имаат свој НОК (со исклучок на Јужен Судан, кој ја стекнал својата независност на 9 јули 2011, па затоа сè уште нема свој НОК).[2] Комитети имаат и уште 12 територии:

Сите НОК-ови се членки на Здружението на националните олимписки комитети (ЗНОК или ANOC), кое е поделено на пет континентални здруженија:

Континенти Здружение Бр. на
НОК-ови
Најстар НОК Најнов НОК
  Африка
Здружение на националните олимписки комитети на Африка 53 Египет (1910) Еритреја (1999)
  Америка
Панамериканска спортска организација 41 САД (1894) Доминика (1993)
Света Луција (1993)
Свети Кристофер и Невис (1993)
  Азија
Олимписки совет на Азија 44[5] Јапонија (1912) Тимор-Лесте (2003)
  Европа
Европски олимписки комитети 49 Франција (1894) Црна Гора (2007)
  Океанија
Национални олимписки комитети на Океанија 17 Австралија (1895) Тувалу (2007)

Список на национални олимписки комитети по година на признавање

[уреди | уреди извор]

Ова е хронолошки список на сите 204 признаени НОК-ови од 1894 до денес. Многу од нив се основани долго пред да бидат признаени, додека пак други се прифатени веднаш по нивното формирање. На списокот се изоставени поранешни држави (како на пр. СФРЈ, СССР, Чехословачка итн).

1894 Франција, САД
1895 Австралија, Германија, Грција, Унгарија
1900 Норвешка
1905 Велика Британија, Данска
1906 Белгија
1907 Канада, Финска
1909 Португалија
1910 Египет
1911 Турција
1912 Австрија, Јапонија, Луксембург, Србија,[6] Холандија, Швајцарија, Шпанија
1913 Шведска
1914 Романија
1915 Италија
1919 Нов Зеланд, Полска
1922 Ирска, Латвија
1923 Аргентина, Естонија, Мексико, Уругвај
1924 Бугарија, Литванија, Хаити
1927 Индија
1929 Филипини
1933 Израел
1934 Чиле
1935 Бразил, Венецуела, Исланд, Лихтенштајн
1936 Авганистан, Бермуда, Боливија, Јамајка, Малта, Перу
1937 Шри Ланка (тогаш „Цејлон“)
1947 Гватемала, Иран, Јужна Кореја (во МОК се води како „Кореја“), Мјанмар (тогаш „Бурма“), Панама
1948 Гвајана (тогаш „Британска Гвајана“), Ирак, Колумбија, Либан, Пакистан, Порторико, Сингапур, Сирија, Тринидад и Тобаго
1950 Тајланд, Холандски Антили
1951 Нигерија, Хонгконг
1952 Бахами, Гана (тогаш „Златен Брег“), Израел, Индонезија
1953 Монако
1954 Етиопија, Костарика, Куба, Малезија (тогаш „Малаја“)
1955 Барбадос, Кенија, Либерија, Фиџи
1956 Уганда, Хондурас
1957 Северна Кореја, Тунис
1959 Албанија, Еквадор, Мароко, Никарагва, Сан Марино, Судан, Суринам
1960 Кинески Тајпеј (тогаш „Република Кина“, основ. 1922)
1962 Бенин (тогаш „Дахомеј“), Доминиканска Република, Ел Салвадор, Монголија
1963 Брег на Слоновата Коска, Јордан, Камерун, Либија, Мали, Непал, Сенегал
1964 Алжир, Замбија, Конго, Мадагаскар, Нигер, Сиера Леоне, Чад
1965 Гвинеја, Саудиска Арабија, Того, Централноафриканска Република
1966 Кувајт
1967 Белиз (тогаш „Британски Хондурас“), Девствени Острови
1968 Габон, ДР Конго, Малави, Танзанија
1970 Парагвај
1972 Буркина Фасо (тогаш „Горна Волта“), Лесото, Маврициус, Свазиленд, Сомалија
1974 Папуа Нова Гвинеја
1975 Андора
1976 Антигва и Барбуда, Гамбија, Кајмански Острови
1978 Кипар
1979 Бахреин, Виетнам, Лаос, Мавританија, Мозамбик, НР Кина (осн. 1954), Сејшели
1980 Ангола, Бангладеш, Боцвана, Зимбабве, Катар, ОАР
1981 Јемен
1982 Британски Девствени Острови, Оман
1983 Бутан, Самоа (тогаш „Западна Самоа“), Соломонски Острови
1984 Брунеј, Гренада, Екваторска Гвинеја, Руанда, Тонга, Џибути
1985 Малдиви
1986 Аруба, Гуам, Кукови Острови
1987 Американска Самоа, Вануату, Свети Винсент и Гренадините
1991 Естонија (признаена), Латвија (признаена), Литванија (признаена), Намибија, ЈАР
1993 Азербејџан, Белорусија, БиХ, Бурунди, Грузија, Ерменија, Зелено'ртски Острови, Доминика, Казахстан, Киргистан, Комори, Молдавија, Македонија, Русија, Саун Томе и Принсип, Света Луција, Свети Кристофер и Невис, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан, Украина, Хрватска, Чешка
1994 Камбоџа, Науру
1995 Гвинеја-Бисао, Палестина
1997 Сојузни Држави на Микронезија
1999 Еритреја, Палау
2003 Кирибати, Тимор-Лесте
2006 Маршалски Острови
2008 Тувалу, Црна Гора

Непризнаени национални олимписки комитети

[уреди | уреди извор]

Спортскиот и олимписки комитет на Макао е основан во 1987 и има извршено обиди да се зачлени во МОК, но досега нема официјално признание. Макао сепак се натпреварува на Параолимписките игри.

Фарските Острови имаат признаен национален параолимписки комитет.

Други земји/области без признаени комитети се: Ангвила, Абхазија,[7] Гибралтар,[8] Каталонија,[9] Косово,[10] Ниуе,[11] Сомалиленд,[12] Нова Каледонија,[13] Курдистан, Северен Кипар,[14] американските староседелци,[15][16] Северните Маријански Острови, Монтсерат и Туркс и Кајкос.[17] Фарски Острови,[18] Француска Полинезија,[19]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • „Национални олимписки комитети“. МОК. Посетено на 21 јануари 2008. (англиски)
  • Здружение на националните олимписки комитети Архивирано на 15 септември 2008 г. (англиски)
  1. Податок од 2011 г.
  2. Олимпијада „Лондон 2012“: Јужен Судан може да учествува на игрите Архивирано на 14 јули 2011 г. - The Telegraph, 12 јули 2011 (англиски)
  3. „Извршниот одбор ја одржа првата седница во новата година“. olympic.org. 13 јануари 2011. Посетено на 13 јануари 2011. (англиски)
  4. „Се спушти завесата на CXXIII седница на МОК“. www.olympic.org. (англиски)
  5. Во ОСА има 45 комитети, но оној на Макао не е признаен од МОК и Макао не учествува на Олимписките игри.
  6. Олимпиското движење во Србија - Историја Архивирано на 20 август 2010 г. (српски)
  7. The ABC Republic: Abkhazia Attempts to Invent Itself - SPIEGEL ONLINE - News - International. Spiegel.de. Посетено на 24 октомври 2009.
  8. „www.the-rock-of-gibraltar.com“. www.the-rock-of-gibraltar.com. Архивирано од изворникот на 2009-08-27. Посетено на 16 август 2010.
  9. Freedom for Catalonia?: Catalan Nationalism, Spanish Identity and the Barcelona Olympic Games (Cambridge Cultural Social Sciences) (9780521586153): John Hargreaves: Books. Amazon.com. Посетено на 24 октомври 2009.
  10. Olympic Committee of Kosovo - en.wikipedia.org (29 август 2009). Посетено на 24 октомври 2009.
  11. SportingPulse Homepage for Niue Island Sports Association and National Olympic Committee Архивирано на 2 јули 2013 г.. Sportingpulse.com. Посетено на 24 октомври 2009.
  12. „Website ka wasaaradda Dhalinyaradda Iyo Ciyaaraha Somaliland - Homepage“. Somalilandolympics.org. 18 јануари 2010. Архивирано од изворникот на 2013-06-18. Посетено на 16 август 2010.
  13. „New Caledonia National Olympic Committee“. SportingPulse. Архивирано од изворникот на 2013-07-02. Посетено на 16 август 2010.
  14. „Embargo! Time to end the unjust embargoes against the people of North Cyprus“. Embargoed.org. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 16 август 2010.
  15. „Native Americans seek recognition“. Nativevoices.org. 27 февруари 2006. Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 16 август 2010.
  16. „Jim Thorpe's Sons Bolster Native American Olympic Dream : 10 јули 2009 : eNewsChannels“. Enewschannels.com. 10 јули 2009. Посетено на 16 август 2010.
  17. „CANOC Members“. canoc.net. Архивирано од изворникот на 2009-10-02. Посетено на 16 август 2010.
  18. „Ítróttasamband Føroya | Just another WordPress weblog“. Isf.fo. Архивирано од изворникот на 2010-01-10. Посетено на 16 август 2010.
  19. Статија: Мис Тахити 2003 лишена од титулата. | AccessMyLibrary (3 јуни 2005). проверено на 24 октомври 2009.