Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на светот на која е претставен успехот на секоја земја на Летните олимписки игри 2012.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2012 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Игрите се одржале во Лондон од 27 јули до 12 август 2012, а медали биле доделени во 302 натпреварувања во 26 спортови.[1]

По завршувањето на игрите, вкупно 85 земји-учеснички освоиле медал, а 54 од нив златен. Спортистите од Бахреин, Боцвана, Габон, Гватемала, Гренада, Кипар и Црна Гора на своите земји им го донеле првиот медал од Олимписките игри, при што првиот медал за Гренада бил златен. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на САД, која освои 46 златни од вкупно 104 медали.

Најуспешен натпреварувач на игрите бил американскиот пливач Мајкл Фелпс, кој освоил 4 златни и 2 сребрени медали.

Список по земји

[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Во боксот, џудото, теквондо и борење, биле доделувани по два бронзени медали во секоја тежинска класа. Два сребрени медали (и ниедна бронза) биле доделени за изедначеното второ место во трките 200 м краул за мажи и 100 м делфин за мажи. Два бронзени медали биле доделени за изедначеното трето место на велосипедската трка кеирин за мажи;[2] три бронзени медали биле доделани за делбата на третото место во машкиот скок во височина во атлетските натпревари.

      земја-домаќин (Велика Британија)

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  САД (USA) 46 29 29 104
2  Кина (CHN) 38 27 23 88
3  Велика Британија (GBR) 29 17 19 65
4  Русија (RUS) 24 26 32 82
5  Јужна Кореја (KOR) 13 8 7 28
6  Германија (GER) 11 19 14 44
7  Франција (FRA) 11 11 12 34
8  Италија (ITA) 8 9 11 28
9  Унгарија (HUN) 8 4 6 18
10  Австралија (AUS) 7 16 12 35
11  Јапонија (JPN) 7 14 17 38
12  Казахстан (KAZ) 7 1 5 13
13  Холандија (NED) 6 6 8 20
14  Украина (UKR) 6 5 9 20
15  Нов Зеланд (NZL) 6 2 5 13
16  Куба (CUB) 5 3 6 14
17  Иран (IRI) 4 5 3 12
18  Јамајка (JAM) 4 4 4 12
19  Чешка (CZE) 4 3 3 10
20  Северна Кореја (PRK) 4 0 2 6
21  Шпанија (ESP) 3 10 4 17
22  Бразил (BRA) 3 5 9 17
23  ЈАР (RSA) 3 2 1 6
24  Етиопија (ETH) 3 1 3 7
25  Хрватска (CRO) 3 1 2 6
26  Белорусија (BLR) 2 5 5 12
27  Романија (ROU) 2 5 2 9
28  Кенија (KEN) 2 4 5 11
29  Данска (DEN) 2 4 3 9
30  Азербејџан (AZE) 2 2 6 10
 Полска (POL) 2 2 6 10
32  Турција (TUR) 2 2 1 5
33  Швајцарија (SUI) 2 2 0 4
34  Литванија (LTU) 2 1 2 5
35  Норвешка (NOR) 2 1 1 4
36  Канада (CAN) 1 5 12 18
37  Шведска (SWE) 1 4 3 8
38  Колумбија (COL) 1 3 4 8
39  Грузија (GEO) 1 3 3 7
 Мексико (MEX) 1 3 3 7
41  Ирска (IRL) 1 1 3 5
42  Аргентина (ARG) 1 1 2 4
 Србија (SRB) 1 1 2 4
 Словенија (SLO) 1 1 2 4
45  Тунис (TUN) 1 1 1 3
46  Доминиканска Република (DOM) 1 1 0 2
47 Податотека:Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго (TRI) 1 0 3 4
48  Узбекистан (UZB) 1 0 2 3
49  Латвија (LAT) 1 0 1 2
50  Алжир (ALG) 1 0 0 1
 Бахами (BAH) 1 0 0 1
 Гренада (GRN) 1 0 0 1
 Уганда (UGA) 1 0 0 1
 Венецуела (VEN) 1 0 0 1
55  Индија (IND) 0 2 4 6
56  Монголија (MGL) 0 2 3 5
57  Тајланд (THA) 0 2 1 3
58  Египет (EGY) 0 2 0 2
59  Словачка (SVK) 0 1 3 4
60  Ерменија (ARM) 0 1 2 3
 Белгија (BEL) 0 1 2 3
 Финска (FIN) 0 1 2 3
63  Бугарија (BUL) 0 1 1 2
 Естонија (EST) 0 1 1 2
 Индонезија (INA) 0 1 1 2
 Малезија (MAS) 0 1 1 2
 Порторико (PUR) 0 1 1 2
 Кинески Тајпеј (TPE) 0 1 1 2
69  Боцвана (BOT) 0 1 0 1
 Кипар (CYP) 0 1 0 1
 Габон (GAB) 0 1 0 1
 Гватемала (GUA) 0 1 0 1
 Црна Гора (MNE) 0 1 0 1
 Португалија (POR) 0 1 0 1
75  Грција (GRE) 0 0 2 2
 Молдавија (MDA) 0 0 2 2
 Катар (QAT) 0 0 2 2
 Сингапур (SIN) 0 0 2 2
79  Авганистан (AFG) 0 0 1 1
 Бахреин (BRN) 0 0 1 1
 Хонгконг (HKG) 0 0 1 1
 Саудиска Арабија (KSA) 0 0 1 1
 Кувајт (KUW) 0 0 1 1
 Мароко (MAR) 0 0 1 1
 Таџикистан (TJK) 0 0 1 1
Вкупно 301 303 353 957

Промени во поредокот за медали

[уреди | уреди извор]

На 13 август 2012, ИОК ѝ го одзел златниот медал на белоруската репрезентативка Надежда Остапчук, освен во дисциплината фрлање ѓуле за жени, откако се покажала позитивна на тестирањето за допинг. Како последица на тоа, Новозеланѓанката Валери Адамс го добила златниот медал, додека Русинката го заменила бронзениот медал за среброто, а кинеската натпреварувачка, која била четвртопласирана, Гонг Лијиао ја добила бронзата.[3]

Список на промени во поредокот за медали
Датум на промена Спорт Дисциплина Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
13 август 2012 Атлетика Фрлање ѓуле за жени  Белорусија (BLR) –1 −1
 Нов Зеланд (NZL) +1 –1
 Русија (RUS) +1 –1
 Кина (CHN) +1 +1

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hersh, Phillip. „2012 Olympics: Olympic spotlight should be on the athletes - chicagotribune.com“. Chicago Tribune. Архивирано од изворникот на 2012-12-05. Посетено на 2012-07-27.
  2. „Крис Хој ја одбрани титулата во кеирин и постави британски рекорд со шест олимписки златни медали“. The Washington Post. Associated Press. 7 август 2012. Посетено на 7 август 2012.
  3. „ИОК го одзема златниот медал на Надежда Остапчук во дисциплината фрлање ѓуле“. IOC. Посетено на 13 август 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]