Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2006

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2006 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Германија, која освои 11 златни од вкупно 29 медали.

Летонија и Словачка ги освоија првите медали на Зимските олимписки игри.[1]

Најуспешни натпреварувачи на игрите беа германскиот биатлонец Михаел Грајс и јужноорејските лизгачи на кратки патеки Ан Хјун Со и Џин Сун Ју, кои освоија по 3 златни медали.[2]

Список на земји

[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Германија (2006)1112629
2 САД (2006)99725
3 Австрија (2006)97723
4 Русија (2006)86822
5 Канада (2006)710724
6 Шведска (2006)72514
7 Јужна Кореја (2006)63211
8 Швајцарија (2006)54514
9 Италија (2006)50611
10 Франција (2006)3249
10 Холандија (2006)3249
12 Естонија (2006)3003
13 Норвешка (2006)28919
14 Кина (2006)24511
15 Чешка (2006)1214
16 Хрватска (2006)1203
17 Австралија (2006)1012
18 Јапонија (2006)1001
19 Финска (2006)0639
20 Полска (2006)0112
21 Белорусија (2006)0101
21 Бугарија (2006)0101
21 Велика Британија (2006)0101
21 Словачка (2006)0101
25 Украина (2006)0022
26 Латвија (2006)0011
Вкупно848484252

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Associated Press (2006-02-26). „Germany, U.S. finish 1-2, many nations share wealth in Turin medals race“. ESPN. Посетено на 6 мај 2008.
  2. „Great Olympic performances“. Canadian Broadcasting Corporation. 2006-02-28. Архивирано од изворникот 2008-09-24. Посетено на 5 мај 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]