Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1964

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1964 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешна нација на игрите била репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 11 златни од вкупно 25 медали.

Најуспешен натпреварувач на игрите била советската лизгачка Лидија Скобликова, која освоила 4 златни медали.

Список по земји[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Советски Сојуз (1964) 11 8 6 25
2 Австрија (1964) 4 5 3 12
3 Норвешка (1964) 3 6 6 15
4 Финска (1964) 3 4 3 10
5 Франција (1964) 3 4 0 7
6 Германија (1964) 3 3 3 9
7 Шведска (1964) 3 3 1 7
8 САД (1964) 1 2 3 6
9 Холандија (1964) 1 1 0 2
10 Canadian Red Ensign 1921-1957.svg Канада 1 0 2 3
11 Велика Британија (1964) 1 0 0 1
12 Италија (1964) 0 1 3 4
13 Северна Кореја (1964) 0 1 0 1
14 Чехословачка (1964) 0 0 1 1
Вкупно 34 38 31 103

Видете исто така[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]