Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2002

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2002 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Норвешка, која освои 13 златни од вкупно 25 медали, додека најмногу медали освои репрезентацјата на Германија, 36. Веднаш, по завршувањето на игрите, германија беше најуспешна нација, но две години подоцна, на норвешката репрезентација ѝ беа доделени уште 2 златни медали, со кои ја престуигна Германија и со 13 златни медали стана најуспешна земја на игрите.[1]

Хрватска и Естонија ги освоија првите медали и тоа златни на Зимските олимписки игри,[2][3] медали на Зимските олимписки игри.[4] додека Австралија и Кина ги освоија своите први златни медали на Зимските олимписки игри.[5][6]

Најуспешен натпреварувач на игрите беше норвешкиот биатлонец Оле Ејнар Бјорндален, кој освои 4 златни медали.[7]

Список на земји

[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Норвешка (2002)135725
2 Германија (2002)1216836
3 САД (2002)10131134
4 Канада (2002)73717
5 Русија (2002)54413
6 Франција (2002)45211
7 Италија (2002)44513
8 Финска (2002)4217
9 Холандија (2002)3508
10 Австрија (2002)341017
11 Швајцарија (2002)32611
12 Хрватска (2002)3104
13 Кина (2002)2248
14 Јужна Кореја (2002)2204
15 Австралија (2002)2002
16 Чешка (2002)1203
17 Естонија (2002)1113
18 Велика Британија (2002)1012
19 Шведска (2002)0257
20 Бугарија (2002)0123
21 Јапонија (2002)0112
21 Полска (2002)0112
23 Белорусија (2002)0011
23 Словенија (2002)0011
Вкупно807678234

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Drugs pair lose medals“. BBC Sport. 28 февруари 2004. Посетено на 6 мај 2008.
  2. Caple, Jim (20 февруари 2002). „Terrible conditions but a great day for Kostelic“. ESPN. Посетено на 6 мај 2008.
  3. Associated Press (12 февруари 2002). „Day 5 Recap“. Washington Post. Посетено на 6 мај 2008.
  4. Associated Press (26 февруари 2006). „Germany, U.S. finish 1-2, many nations share wealth in Turin medals race“. ESPN. Посетено на 6 мај 2008.
  5. Keown, Tim (17 февруари 2002). „Bradbury's strategy of being last had golden payoff“. ESPN. Посетено на 6 мај 2008.
  6. „Ohno crashes yards from finish line“. ESPN. 16 февруари 2002. Посетено на 6 мај 2008.
  7. Clarey, Christopher (27 февруари 2002). „Despite disputes, Games still glow as the flame dies out“. New York Times. Посетено на 30 мај 2008.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]