Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2010 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Најуспешна нација на игрите била Канада, која освоила 14 златни од вкупно 26 медали, поставувајќи нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни Зимски олимписки игри. Олимписката репрезентација на САД освоила 37 медали, со што поставила рекорд по бројот на вкупно освоени медали.

Најуспешен натпреварувач била норвешката скијачка Марит Бјорген, која освоила три златни, еден сребрен и еден бронзен медал.

Список по земји

[уреди | уреди извор]
Медали од игрите

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Канада (2010)147526
2 Германија (2010)1013730
3 САД (2010)9151337
4 Норвешка (2010)98623
5 Јужна Кореја (2010)66214
6 Швајцарија (2010)6039
7 Кина (2010)52411
7 Шведска (2010)52411
9 Австрија (2010)46616
10 Холандија (2010)4138
11 Русија (2010)35715
12 Франција (2010)23611
13 Австралија (2010)2103
14 Чешка (2010)2046
15 Полска (2010)1326
16 Италија (2010)1135
17 Белорусија (2010)1113
17 Словачка (2010)1113
19 Велика Британија (2010)1001
20 Јапонија (2010)0325
21 Хрватска (2010)0213
21 Словенија (2010)0213
23 Латвија (2010)0202
24 Финска (2010)0145
25 Естонија (2010)0101
25 Казахстан (2010)0101
Вкупно8687[а]85258

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]