Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1948

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1948 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Најуспешни нации на игрите биле репрезентациите на Норвешка и Шведска, кои освоиле по 4 златни, 3 сребрени и 3 бронзени меали. Досега, ова е единствен пат две земји да бидат изедначени на врвот по бројот на освоени златни, сребрени и бронзени медали.

Според списокот на освојувачи на медали, објавен од страна на Швајцарскиот олимписки комитет, биле пресметани и медалите освоени во демонстративните спортови воена патрола и зимски петобој.[1] Сепак, медалите освоени во демонстративните спортови не се вклучуваат во списокот на медали освоени во задолжителните спортови. Италија го освоила првиот медал, и тоа златен, на Зимските олимписки игри.

Список по земји[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Норвешка (1948) 4 3 3 10
1 Шведска (1948) 4 3 3 10
3 Швајцарија (1948) 3 4 3 10
4 САД (1948) 3 4 2 9
5 Франција (1948) 2 1 2 5
6 Канада 2 0 1 3
7 Австрија (1948) 1 3 4 8
8 Финска (1948) 1 3 2 6
9 Белгија (1948) 1 1 0 2
10 Италија (1948) 1 0 0 1
11 Чехословачка (1948) 0 1 0 1
11 Унгарија 0 1 0 1
13 Велика Британија (1948) 0 0 2 2
Вкупно 22 24 22 68

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rapport Général sur les Ves Jeux Olympiques d’hiver St-Moritz 1948 PDF, (француски) (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]