Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 1994

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 1994 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Русија, која освоила 11 златни медали, додека најмногу медали на игрите освоиле спортистите од Норвешка, 26, од кои 10 златни.

Најуспешен натпреварувач на игрите била руската скијачка Љубов Егорова, која освоила 3 златни и еден сребрен медал.

Список на земји

[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Русија (1994)118423
2 Норвешка (1994)1011526
3 Германија (1994)97824
4 Италија (1994)75820
5 САД (1994)65213
6 Јужна Кореја (1994)4116
7 Канада (1994)36413
8 Швајцарија (1994)3429
9 Австрија (1994)2349
10 Шведска (1994)2103
11 Јапонија (1994)1225
12 Казахстан (1994)1203
13 Украина (1994)1012
14 Узбекистан (1994)1001
15 Белорусија (1994)0202
16 Финска (1994)0156
17 Франција (1994)0145
18 Холандија (1994)0134
19 Кина (1994)0123
20 Словенија (1994)0033
21 Велика Британија (1994)0022
22 Австралија (1994)0011
Вкупно616161183

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]