Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2014

Од Википедија — слободната енциклопедија
Од лево кон десно: Патрик Чен од Канада (сребро), Јузуру Ханју од Јапонија (злато) и Денис Тен од Казахстан (бронза) на победничкиот подиум во уметничко лизгање во машка конкуренција.

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2014 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Најуспешна нација на игрите била Русија, која освоила најмногу златни медали (11), а била најуспешна и по бројот на вкупно освоени медали (29).

Најуспешен учесник на игрите бил рускиот натпреварувач во брзо лизгање на кратки патеки Виктор Ан, кој освоил три златни и еден бронзен медал.

Список на земји

[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во азбуката.

   *   земја-домаќин (Русија)

Место НОК Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Русија (RUS)119929
2 Норвешка (NOR)1151026
3 Канада (CAN)1010525
4 САД (USA)971228
5 Холандија (NED)87924
6 Германија (GER)86519
7 Швајцарија (SUI)63211
8 Белорусија (BLR)5016
9 Австрија (AUT)48517
10 Франција (FRA)44715
11 Полска (POL)4116
12 Кина (CHN)3429
13 Јужна Кореја (KOR)3328
14 Шведска (SWE)27615
15 Чешка (CZE)2428
16 Словенија (SLO)2248
17 Јапонија (JPN)1438
18 Финска (FIN)1315
19 Велика Британија (GBR)1124
20 Украина (UKR)1012
21 Словачка (SVK)1001
22 Италија (ITA)0268
23 Латвија (LAT)0224
24 Австралија (AUS)0213
25 Хрватска (CRO)0101
26 Казахстан (KAZ)0011
Вкупно979599291

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]