Прејди на содржината

Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2018

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на светот на којашто е претставен успехот на секоја земја на Зимските олимписки игри 2018.
Легенда:
       Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал.
       Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал.
       Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал.
       Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал.
       Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите.
Карта на светот на којаѓто се обележани земјите по вкупниот број на освоени медали на Зимските олимписки игри 2018.

Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2016 се наведени сите земји учеснички на игрите коишто освоиле медал. Игрите се одржале во Пјонгчанг од 9 до 25 февруари 2018, а медали биле доделени во 102 натпреварувања во 15 спортови.[1]

Список на земји

[уреди | уреди извор]

Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.

     земја домаќин (Јужна Кореја)

Место НОК Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Норвешка (NOR)14141139
2 Германија (GER)1410731
3 Канада (CAN)1181029
4 САД (USA)98623
5 Холандија (NED)86620
6 Шведска (SWE)76114
7 Јужна Кореја (KOR)58417
8 Швајцарија (SUI)56415
9 Франција (FRA)54615
10 Австрија (AUT)53614
11 Јапонија (JPN)45413
12 Италија (ITA)32510
13 Олимписки спортисти од Русија (OAR)26917
14 Чешка (CZE)2237
15 Белорусија (BLR)2103
16 Кина (CHN)1629
17 Словачка (SVK)1203
18 Финска (FIN)1146
19 Велика Британија (GBR)1045
20 Полска (POL)1012
21 Унгарија (HUN)1001
 Украина (UKR)1001
23 Австралија (AUS)0213
24 Словенија (SLO)0112
25 Белгија (BEL)0101
26 Шпанија (ESP)0022
 Нов Зеланд (NZL)0022
28 Казахстан (KAZ)0011
 Латвија (LAT)0011
 Лихтенштајн (LIE)0011
Вкупно103102102307

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Winter Olympics: Big air, mixed curling among new 2018 events“. BBC Sport. 8 June 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]