Советскиот Сојуз на Олимписките игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од СССР на Олимписките игри)
Прејди на: содржини, барај
СССР на Олимписките игри

Знаме на Советскиот Сојуз
МОК-код  URS
НОК Советски олимписки комитет
Олимписка историја
Летни олимпијади
Зимски олимпијади
Други поврзани настапи
Руска империја (1900–1912)
Естонија (1920–1936, 1992–)
Латвија (1924–1936, 1992–)
Литванија (1924–1928, 1992–)
Обединета екипа (1992)
Ерменија (1994–)
Белорусија (1994–)
Грузија (1994–)
Казахстан (1994–)
Киргистан (1994–)
Молдавија (1994–)
Русија (1994–)
Украина (1994–)
Узбекистан (1994–)
Азербејџан (1996–)
Таџикистан (1996–)
Туркменистан (1996–)

Советскиот Сојуз првпат настапил на Олимписките игри во 1952 г. и оттогаш учествувал на вкупно 18 олимпијади. На шест летни олимпијади, земјата освоила највеќе медали од сите, а на уште две го зазела второто место. Учествувајќи на вкупно 9 зимски олимпијади, СССР имал највеќе медали од сите 7 пати и двапати бил втор.

Олимпискиот комитет на СССР е основан на 21 април 1951 г. и признаен од МОК на XLV седница (7 мај 1951).

Првото учество на земјата било на Летните олимписки игри 1952 во Хелсинки, каде го освоила и првиот златен медал со рекордот постигнат од страна на Нина Ромашкова (м. Пономарјова) дисциплината фрлање диск во женска конкуренција (51,42 м).

Советските екипи првпат настапиле на Зимските олимписки игри во 1956 г. одржани во Кортина д'Ампецо, каде го освоиле првиот златен медал со постигнувањето Љубов Козирева во дисциплината скијачко трчање на 10 км во женска конкуренција.

Земјата била домаќин на летната олимпијада во 1980 г., одржана во Москва, која била бојкотирана од голе број земји предводени од САД поради советската инвазија на Авганистан. Како одговор на тоа, СССР и разни други земји вратиле со бојкот на летната олимпијада во 1984 г. одржана во Лос Анџелес.

Иако Советскиот Сојуз се распаднал на 26 декември 1991 г, Олимпискиот комитет на СССР формално продолжил да постои до 12 март 1992 г.

Во 1992 г., 12 од 15-те поранешни републики на СССР се здружиле во Обединета екипа на летните игри во Барселона, каде повторно освоиле највеќе медали. Обединетата екипа се натпреварувала и на зимската олимпијада истата година со 7 од 12 поранешни републики, заземајќи го второто место по број на освоени медали

Сите медали на СССР и оние на Руската империја ѝ припаднале на Русија, но не се вбројуваат во вкупниот број постигнати медали во име на денешната Руска Федерација.

Приредени олимпијади[уреди | уреди извор]

Советскиот Сојуз бил домаќин на една олимпијада.

Олимпијада Домаќин Период Земји Учесници Дисциплини
Летни олимписки игри 1980 Москва 19 јули – 3 август 80 5.179 203

Учество на олимпијади[уреди | уреди извор]

Период Репрезентација
1900–1912  Руска империја (RU1)
1920  Естонија (EST)
1924–1936  Латвија (LAT)  Литванија (LTU)
1952–1988  СССР (URS)
1992– Заедница на независни држави Обединета екипа (EUN)  Естонија (EST)  Латвија (LAT)  Литванија (LTU)
1994–  Ерменија (ARM)  Белорусија (BLR)  Грузија (GEO)  Казахстан (KAZ)  Киргистан (KGZ)  Молдавија (MDA)  Русија (RUS)  Украина (UKR)  Узбекистан (UZB)
1996–  Азербејџан (AZE)  Таџикистан (TJK)  Туркменистан (TKM)

Освоени медали[уреди | уреди извор]

* Црвената обраба значи дека натпреварот е одржан на домашен терен.

Медали на летни олимпијади[уреди | уреди извор]

Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место
Финска Хелсинки 1952 295 22 30 19 71 2
Австралија Мелбурн 1956 283 37 29 32 98 1
Италија Рим 1960 284 43 29 31 103 1
Јапонија Токио 1964 319 30 31 35 96 2
Мексико Мексико 1968 313 29 32 30 91 2
Западна Германија Минхен 1972 373 50 27 22 99 1
Канада Монтреал 1976 410 49 41 35 125 1
СССР Москва 1980 489 80 69 46 195 1
САД Лос Анџелес 1984 не учествувала
Јужна Кореја Сеул 1988 481 55 31 46 132 1
Вкупно 395 319 296 1010 2

Медали на зимски олимпијади[уреди | уреди извор]

Олимпијада Учесници Златни Сребрени Бронзени Вкупно Место
Италија Кортина д'Ампецо 1956 55 7 3 6 16 1
САД Скво Вели 1960 62 7 5 9 21 1
Австрија Инсбрук 1964 69 11 8 6 25 1
Франција Гренобл 1968 74 5 5 3 13 2
Јапонија Сапоро 1972 78 8 5 3 16 1
Австрија Инсбрук 1976 79 13 6 8 27 1
САД Лејк Пласид 1980 86 10 6 6 22 1
Југославија Сараево 1984 99 6 10 9 25 2
Канада Калгари 1988 101 11 9 9 29 1
Вкупно 78 57 59 194 4

Медали по летни спортови[уреди | уреди извор]

  Предводник во тој спорт
Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Gymnastics (artistic) pictogram.svg Гимнастика 73 67 44 184
Athletics pictogram.svg Атлетика 65 55 75 195
Wrestling pictogram.svg Борење 62 31 23 116
Weightlifting pictogram.svg Кревање тегови 39 21 2 62
Canoeing (flatwater) pictogram.svg Кану 29 13 9 51
Fencing pictogram.svg Мечување 18 15 16 49
Shooting pictogram.svg Стрелаштво 17 15 17 49
Boxing pictogram.svg Бокс 14 19 18 51
Swimming pictogram.svg Пливање 13 21 26 60
Rowing pictogram.svg Веслање 12 20 10 42
Cycling (road) pictogram.svg Велосипедизам 11 4 8 23
Volleyball (indoor) pictogram.svg Одбојка 7 4 1 12
Equestrian pictogram.svg Коњички спорт 6 5 4 15
Judo pictogram.svg Џудо 5 5 13 23
Modern pentathlon pictogram.svg Современ петобој 4 5 5 14
Sailing pictogram.svg Едрење 4 5 3 12
Basketball pictogram.svg Кошарка 4 4 4 12
Handball pictogram.svg Ракомет 4 1 1 6
Diving pictogram.svg Скокови во вода 3 4 6 13
Water polo pictogram.svg Ватерполо 2 2 3 7
Football pictogram.svg Фудбал 2 0 3 5
Archery pictogram.svg Стреличарство 1 3 3 7
Field hockey pictogram.svg Хокеј на трева 0 0 2 2
Вкупно 395 319 296 1010

Медали по зимски спортови[уреди | уреди извор]

Спорт Златни Сребрени Бронзени Вкупно
Cross country skiing pictogram.svg Скијачко трчање 25 22 21 68
Speed skating pictogram.svg Брзо лизгање 24 17 19 60
Figure skating pictogram.svg Уметничко лизгање 10 9 5 24
Biathlon pictogram.svg Биатлон 9 5 5 19
Ice hockey pictogram.svg Хокеј на мраз 7 1 1 9
Luge pictogram.svg Санкање 1 2 3 6
Bobsleigh pictogram.svg Боб 1 0 2 3
Ski jumping pictogram.svg Скијачки скокови 1 0 0 1
Nordic combined pictogram.svg Нордиска комбинација 0 1 2 3
Alpine skiing pictogram.svg Алпско скијање 0 0 1 1
Вкупно 78 57 59 194

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]