Биатлон на Зимските олимписки игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Биатлон на Зимските олимписки игри
Biathlon pictogram.svg
Раководен орган IBU
Дисциплини 11 (мажи: 5; жени: 5; мешано: 1)
Игри
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1994 1998
2002 2006 2010 2014
Белешка: Со закосени се напишани годините кога бил показен спорт
Освојувачи на медали

Биатлонот за прв пат бил уклучен во олимписката програма на Зимските олимписки игри 1960 во Сква Вали каде била одржана трката на 20 км поединечно за мажи. На игрите во 1968 во Гренобл, била воведена машката штафетна трка 4×7.5 км, а на игрите во 1980 бил воведен спринтот од 10 км за мажи. Почнувајќи од Зимските олимписки игри 1992 во Албертвил, на програмата биле воведени женски дисциплини, т.е трката на 15 км поединечно, штафетната трка 3×7.5 км (4×7.5 км во периодот 1994-2002, и 4×6 км во 2006), и 7.5 км спринт. Дисциплината потера (12.5 км за мажи и 10 км за жени) била вклучена во програмата на игрите во 2002 во Солт Лејк Сити. Првопласираните шеесет натпреварувачи од спринтот (10 км за мажи и 7.5 км за жени) се квалификуваат за спринтот. Победникот на спринтот, прв ја започнува потерата, следен по останатите кои завршиле зад првопласираниот со соодветните временски интервали. На игрите во 2006 во Торино, била воведена дисциплината масовен старт (15 км за мажи и 12.5 км за жени) во која заедно се натпреваруваат најдобрите 30 биатлонци од претходните четири дисциплини.

Пред дебито на биатлонот на Зимските олимписки игри 1960, постоела дисциплина воена патрола која се одржала на четири зимски олимпијади: 1924, 1928, 1936, и 1948 година. Медали биле доделени само во 1924 година, бидејќи на следните три олимпијади дисциплината била показна.

Дисциплини[уреди | уреди извор]

Мажи[уреди | уреди извор]

Дисциплина 24 28 32 36 48 52 56 60 64 68 72 76 80 84 88 92 94 98 02 06 10 14 Година
Воена патрола Х (п) (п) (п) 1(4)
Поединечно (20 км) Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х 15
Штафета (4 х 7,5 км) Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х 13
Спринт (10 км) Х Х Х Х Х Х Х Х Х Х 10
Потера (12,5 км) Х Х Х Х 4
Масовен старт (15 км) Х Х Х 3

Жени[уреди | уреди извор]

Дисциплина 92 94 98 02 06 10 14 Година
Поединечно (15 км) Х Х Х Х Х Х Х 7
Штафета (4 х 7,5 км) Х Х Х Х Х Х Х 7
Спринт (7,5 км) Х Х Х Х Х Х Х 7
Потера (10 км) Х Х Х Х 4
Масовен старт (12,5 км) Х Х Х 3

Мешани[уреди | уреди извор]

Дисциплина 14 18 22 Година
Меана штафета
4 x 6 км/7,5 км
Х Х Х 1

Табела на медали[уреди | уреди извор]

Ажурирана по Зимските олимписки игри 2014

Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1  Германија (GER) 16 20 9 45
2  Норвешка (NOR) 15 12 8 35
3  Русија (RUS) 10 6 8 24
4  СССР (URS) 9 5 5 19
5  Франција (FRA) 6 5 10 21
6  Источна Германија (GDR) 3 4 4 11
7  Белорусија (BLR) 3 2 3 8
8  Шведска (SWE) 3 1 6 10
9  Обединета екипа (EUN) 2 2 2 6
10  Словачка (SVK) 2 1 1 4
11  Канада (CAN) 2 0 1 3
12  Западна Германија (FRG) 1 2 2 5
13  Украина (UKR) 1 1 3 5
14  Швајцарија (SUI) 1 1 0 2
15  Бугарија (BUL) 1 0 1 2
16  Финска (FIN) 0 5 2 7
17  Австрија (AUT) 0 3 2 5
 Чешка (CZE) 0 3 2 5
19  Италија (ITA) 0 1 3 4
20  Казахстан (KAZ) 0 1 0 1
 Полска (POL) 0 1 0 1
22  Хрватска (CRO) 0 0 1 1
 Словенија (SLO) 0 0 1 1
Вкупно 75 76 74 225

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]