Прејди на содржината

Брзо лизгање на Зимските олимписки игри

Од Википедија — слободната енциклопедија
Брзо лизгање на Зимските олимписки игри
Раководен орган ISU
Дисциплини 12 (мажи: 6; жени: 6)
Игри
1924 1928 1932 1936 1948 1952
1956 1960 1964 1968 1972 1976
1980 1984 1988 1992 1994 1998
2002 2006 2010 2014
Освојувачи на медали

Брзото лизгање како спорт на Зимските олимписки игри е дел уште од првите зимски игри во 1924 година. Женските дисциплини за првпат биле додадени на олимписката програма на игрите во 1960 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Раководното тело за брзо лизгање, Меѓународната лизгачка организација (ISU), било вклучено во списокот на признаени федерации кога бил основан Меѓународниот олимписки комитет, но за првпат бил дискутиран сериозно за Летните олимписки игри 1908 во Лондон. На тие игри не биле одржани натпревари во брзо лизгање, иако уметнилкото лизгање – исто така раководено од ISU – било на програмата. Преелиминарниот календар за Летните олимписки игри 1916, кои требале да се одржат во Берлин, вклучил три натпревари,[1] но овие игри биле откажани поради Првата светска војна.

Меѓународната недела на зимски спортови во Шамони, ретро-активно наречена Зимски олимписки игри 1924, содржела пет дисциплини во брзо лизгање. Необично за тоа време, не било вклучено само натпреварување во повеќебој, туку биле доделени медали и за индививдуалните трки: 500 м, 1500 м, 5000 м и 10000 м. Побеќебојот бил отстранет од програмата за игрите во 1928 година.

Натпреварите во брзо лизгање на игрите во 1932 биле одржани според правилата на американската федерација за брзо лизгање, што значи дека натпреварувачите се натпреварувале во мали групи (слично на брзо лизгање на кратки патеки), наместо вообичаениот формат спроти стрелките на часовникот. На овие игри за првпат настапиле и женски лизгачи но нивните дисциплини биле показни. Женските дисциплини исто така требале да бидат одржани на Зимските олимписки игри 1940,[1] кои биле откажани поради Втората светска војна. По војната, тие биле надвор од програмата сè до 1960 година, кога конечно на програмата се додале трките на 500 м, 1000 м, 1500 м и 3000 м во женска конкуренција.

По воведувањето на Светското првенство во спринт во раните 1970-ти, трката на 1000 метри за мажи била додадена на игрите во 1976 во Инсбрук, додека пак трката на 5000 метри за жени за првпат била додадена на игрите во 1988 во Калгари. Последно дополнение на програмата била дисциплината потера, која била додадена за игрите во 2006 во Торино.

На Зимските олимписки игри 2010, латвиецот Харалдс Силовс станал првиот лизгач во олимписката историја кој учествувал на трката на 1500 м (кратки патеки) и на 5000 метри (долги патеки), и првиот кој се натпреварувал во две различни дисциплини во ист ден.[2][3][4]

Дисциплини

[уреди | уреди извор]

Следната табела покажува кои дисциплини биле одржани на секои игри. Женските дисциплини биле показни на игрите во 1932.

= официјална дисциплина на програмата, (п) = показна дисциплина

Дисциплина24283236485256606468727680848892949802061014Години
500 метри за мажи22
1000 метри за мажи 11
1500 метри за мажи22
5000 метри за мажи22
10.000 метри за мажи[5]22
Повеќебој за мажи1
Потера за мажи3
500 метри за жени(п)15
1000 метри за жени(п)15
1500 метри за жени(п)15
3000 метри за жени15
5000 метри за жени8
Потера за жени3
Вкупно дисциплини534444488889991010101010121212

Табела на медали

[уреди | уреди извор]
Место Земја Злато Сребро Бронза Вкупно
1 Холандија (NED)353634105
2 САД (USA)29221667
3 Норвешка (NOR)25282780
4 СССР (URS)24171960
5 Германија (GER)13151038
6 Канада (CAN)8121535
7 Источна Германија (GDR)812929
8 Финска (FIN)78924
9 Шведска (SWE)74516
10 Јужна Кореја (KOR)4419
11 Русија (RUS)35513
12 Чешка (CZE)3115
13 Западна Германија (FRG)3003
14 Италија (ITA)2013
15 Јапонија (JPN)15915
16 Кина (CHN)1337
17 Австрија (AUT)1236
 Полска (POL)1236
19 Германија (EUA)1102
20 Белорусија (BLR)0101
 Северна Кореја (PRK)0101
22 Белгија (BEL)0011
 Казахстан (KAZ)0011
Вкупно176179172527

Број на лизгачи по земја

[уреди | уреди извор]
    — Земји кои не учествувале на Зимските олимписки игри таа година, или не постоеле во тоа време.
Земја24283236485256606468727680848892949802061014Години
 Австралија (AUS)1112121224221114
 Австрија (AUT)383342731443354111222
 Белорусија (BLR)                                 2 4 5 1 1 5
 Белгија (BEL)4213212111211
 Британски Девствени Острови (IVB)11
 Канада (CAN)13714435471088716913171618161522
 Кина (CHN)13124106121215141010
 Чехословачка (TCH)       2 1   3   2           1 2             6
 Чешка (CZE)                                     1 1 2 2 4
 Данска (DEN)11114
 Естонија (EST)   2   1                       2
 Финска (FIN)361556671086443231344321
 Франција (FRA)421335121241112316
 Германија (GER)   3   2   1                   14 15 14 13 13 13 14 10
 Германија (EUA)             4 12 13                           3
 Источна Германија (GDR)                   1 2 9 9 10 11               6
 Западна Германија (FRG)                   9 7 3 4 7 5               6
 Велика Британија (GBR)4353323522612114
 Унгарија (HUN)11524312122112
 Италија (ITA)43632426333454885618
 Јапонија (JPN)4765881213989131517182019191719
 Казахстан (KAZ)                                 8 7 8 4 5 6 6
 Северна Кореја (PRK)         9 6 6 4 5 2 1 7
 Јужна Кореја (KOR)         3 4 5 4 2 4 2 5 6 6 5 9 13 12 14 16 15 17
 Латвија (LAT) 1 1   3                       1 1 1 1 1 8
 Литванија (LTU)   1                           1
 Монголија (MGL)332225
 Холандија (NED)25476559107911111413161720192020
 Нов Зеланд (NZL)1113
 Норвешка (NOR)58671212116914149118788108109922
 Полска (POL)1123423345345101015
 Португалија (POR)11
 Романија (ROU)32342227
 Русија (RUS)                                 12 18 13 19 17 20 6
 СССР (URS)             12 16 18 18 9 16 16 17 17               9
 Обединета екипа (EUN)                               19             1
 Шведска (SWE)21116979101211996785123121
 Швајцарија (SUI)523311111110
 Кинески Тајпеј (TPE)122
 Украина (UKR)                                 2 4 2 3
 САД (USA)6412597815151816141113171917141718181722
 Југославија (YUG)4223
Земји101461615141817221918192024212321252319242322
Лизгачи3140315268678810313713711812212713914215515117116617518017922
Година2428323648525660646872768084889294980206101422
  1. 1 2 Kluge 1995, page ?.
  2. „Latvia's quick-change artist makes Olympic history“. Toronto Star. 2010-02-14. Архивирано од изворникот на 2012-02-27. Посетено на 2010-02-18.
  3. CTV Olympics, "Latvian skater makes Olympic history", Agence France Press, 14 February 2010. Retrieved 18 February 2010.
  4. New York Times, "Crosstown Ride to a Speedskating First", Associated Press, 30 January 2010. Retrieved 18 February 2010.
  5. Трката на 10.000 метри на игрите во 1928 била одложена поради лоша состојба на мразот.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]