Синхронизирано пливање

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рускиот тим во сихронизирано пливање во 2007

Сихронизираното пливање е воден спорт кој вклучува елементи на пливање, гимнастика и танц. Сихронизираното пливање се смета за женски спорт.

За време на настапот, поединецот или екипата изведува програма која се состои од низа на ритмички поврзани движења и фигури во вода, и сето тоа во ритам со музика. Настапот го оценуваат судии, чии резултати го одрудуваат пласманот на натпреварувачите. Најчесто на натпреварувањата се изведуваат по две програми, течнички и слободен стил. Постојат две дисциплини: во пар (дует), и во група која се состои од 4-8 натпреварувачи.

Овој многу тежок спорт од натпреварувачите бара сила, одлични пливачки техники, флексибилност, и чувство за ритам и простор, како и способност да се задржи здивот под вода при изведувањето под вода.

Сихронизираното пливање е стандарден олимписки спорт од Летните олимписки игри во Лос Анџелес 1984 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Претходници на сихронизираното пливање се најразличните форми на фигуративно и уметничко пливање кои се појавиле кон крајот на деветнаесеттиот век. Во Велика Британија во 1892 било одржано првенство во т.н уметничко или фигуративно пливање. Во Германија од 1924 до 1935 се одржувало првенство за уметничко пливање. Во 1934 на една светска изложба во Чикаго, група на пливачки извеле пливачко шоу. Набрзо сихронизираното пливање станало популарно, па во 1941 Атлетската Аматерска Унија го признала како спортска дисциплина.

Во 1945 во САД било одржано државно првенство во сихронизирано пливање, а од 1955 година, сихронизираното пливање влегло во официјалната програма на Панамериканските игри.

Во 1956, била основана Меѓународната комисија за сихронизирано пливање, во состав на Меѓународната Аматерска Пливачка Федерација, и веднаш се појавува во Европа, најпрво во Франција и Холандија, а подоцна и во други држави.

Правила[уреди | уреди извор]

При меѓународните натпреварувања важат правилата на ФИНА, според кои секоја држава учествува на програмата со еден, два или група од 4 до 8 натпреварувачки. Натпреварувањето е поделено во два дела:технички дел, во кој секоја натпреварувачка мора да изведе по 5 фигури за време од 5 минути без прекини и слободен дел во кој натпреварувачките изведуваат фигури по свој избор. На секои четири години Меѓународната комисија за сихронизирано пливање одбира и предложува до бирото на ФИНА фигури кои мора да се изведат во техничкиот дел и коефицинетите на нивната тежина. Секоја фигура има свој коефициент на тежина.

Натпреварувањето го водат 5-7 судии кои го бодуваат настапот, два судии кои го мерат времето, контролор за подводните звучници и контролор за музичката придружба.

Оценување[уреди | уреди извор]

Секоја изведена фигура односно составот (од техничкиот и слободниот дел) ја оценуваат 5-7 судии со 0-10 бодови. Најголемата и најмалата оценка се бришат и останатите оценки се собираат, и добиениот збир се множи со коефицинтот на тежината на изведената фигура односно составот. При настапот, судиите внимаваат на сихронизираноста, начинот на изведување и на музикалноста.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]