Олимпија (град)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Олимпија, Грција)
Олимпија
Ολυμπία
светско наследство на УНЕСКО
КритериумCultural: i, ii, iii, iv, vi
Навод517
Запис1989 (13th заседание)
Координати37°38′17″N 21°37′50″E / 37.63806° СГШ; 21.63056° ИГД / 37.63806; 21.63056

Олимпија (грчки: Ολυμπία Olympí'a, Olimpia, Olimbia) било едно од најголемите светилишта на Зевс во старогрчката митологија. Во текот на антиката, на Олимпија биле одржувани Олимписките игри[1]. Олимписките игри се одржувале на секои четири години, а првите Олимписки игри се одржиле во 776 п.н.е. Истите биле забранети од страна на римскиот цар Теодосиј I во 394 година, бидејќи се сметало дека тие претставуваат остаток од паганството.

На оваа место во древноста се наоѓала и најголемата статуа на Зевс, која претставува дел од седумте светски чуда на античкиот свет, која изгорела во пожар.

Денеска, местото се наоѓа во Префектура Елис, во северозападниот дел од Пелопонез, по долината на реката Алфеј и нејзината притока Кладеон. Денеска градот брои околу 11.000 жители, според пописот од 2001 година. Денеска Олимпија е вклучена во списокот на светско и културно наследство на УНЕСКО.

План[уреди | уреди извор]

1: Североисточен пропилеј – 2: Пританион – 3: Филипион – 4: Храм на Хера – 5: Пелопион – 6: Нимфеј на Ирод Атик – 7: Метроон – 8: Ризници – 9: Крипт (засводен приод до стадионот) – 10: Стадион – 11: Стоа на Ехо – 12: Градба на Птоломеј II и Арсиноја – 13: Стоа на Хестија – 14: Хеленистичка градба – 15: Храм на Зевс – 16: Олтар на Зевс – 17: Завет на Ахајците – 18: Завет на Микит – 19: Ника на Пеониј – 20: Гимназија – 21: Палестра – 22: Теоколион – 23: Хероон – 24: Работилница на Фидија и ранохристијанска базилика – 25: Кладејски бањи – 26: Грчки бањи – 27 и 28: Ноќевалишта – 29: Леонидион – 30: Јужни бањи – 31: Булевтерион – 32: Јужна стоа – 33: Вила на Нерон
Ризници. I: Сикион – II: Сиракуза – III: Епидамн ? – IV: Византион ? – V: Сибарис ? – VI: Кирена ? – VII: неутврдено – VIII: Олтар ? – IX: Селинунт – X: Петапонт – XI: Мегара – XII: Гела

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2007-06-07. Посетено на 2010-12-11.