Хаос (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хаос
Arabischer Maler um 730 001.jpg
Деца Геја, Тартар, Ерос, Ереб и Ноќ[1]

Хаос (грчки: Χαος) според грчката митологија, бил над сè. Старите Грци Хаосот го претставувале како место помеѓу небото и земјата, како почеток и извор на сè што постои и живее на светот.

Според олимпискиот мит за создавањето на светот, во почетокот мајката Земја (Геја) излегла од Хаосот[2] и го родила својот син Уран односно Небото. Според филозофскиот мит пак за создавањето на светот, најпрвин бил создаден Мракот, од кој скокнал и бил создаден Хаосот. Од Мракот и Хаосот се создале Ноќ, Ден, Пекол и Воздух.

Теогонија[уреди | уреди извор]

Според Теогонијата на Хесиод[3], Хаос на почетокот бил изворот на животот. Од него најпрво настанале:

Потоа Земјата ги создала:

Античката традиција раскажана од Хесиод во делото Теогонија кажува и за едно поинакво раѓање на боговите. Од Хаос прво настанале:

Дури потоа Ереб и Никта излегле од Хаосот а дури подоцна како плод на љубовта на Ноќта и Мракот се родиле:

А потоа и:

  • Високите планини

Хаосот и постанокот на светот[уреди | уреди извор]

  • Според олимпискиот мит за создавањето на светот:

Во почетокот на сите нешта, од Хаосот се издигнала Мајката Земја и на сон го родила својот син Уран. Гледајќи ја со љубов од планините, ѝ испратил плоден дождец и таа ги родила тревата, дрвјата, цвењата и сите диви ѕверови и птици. Од дождот протекле реките и шуплините се исполниле со вода. Така настанале езерата и морињата.[4]

  • Според двата филозофски мита за постанокот на светот:
  1. Прво била темнината а од темнината произлегол Хаосот. Од единството меѓу темнината и хаосот се создале Ноќта, Денот, Еребот и Воздухот. Од соединувањето на Ноќта и Еребот се создале Судбината, Староста, Смртта, Убиството, Соништата, Кавгата, Бедата, Немирот...
  1. Според другиот мит бог на сите нешта, кој и да е - бидејќи некои го нарекуваат Природа - ненадејно се појавил од Хаосот, ја раздвоил земјата од небото, водата од небото, водата од земјата и горниот воздух од долниот. Откако ги раздвоил елементите, меѓу нив воспоставил ред кој владее и денес.[4]

Карактеристики[уреди | уреди извор]

Ако Хесиод не се прашува за природата на Хаосот, Овидиј во делото Метаморфози го опишува како „безлична и конфузна маса која се уште не била ништо освен инертност, збир од расфрлани елементи, без никаква поврзаност меѓу себе.“[5][6]

Хаосот оттука се карактеризира со следново:

  • Тоа е амбис без дно каде бесконечно се паѓа
  • Тоа е средиште без ориентација каде се паѓа во сите правци

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Reynal Sorel, Chaos et éternité. Mythologie et philosophie grecques de l'Origine, Les Belles Lettres, collection « Vérité des mythes », Paris, 2006
  • Теогонија, Хесиод, Сигмапрес, Скопје, 2001
  • Caldwell, Richard, Hesiod's Theogony, Focus Publishing/R. Pullins Company (June 1, 1987).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Постојат два Ероса во грчката митологија. Едниот е "Копнеж". Првото што произлегло од Хаосот. Другиот е син на Афродита и на Арес и брат на Дим и Фобос и сопруг на Психе и татко на Хедона.
  2. West, p. 192 line 116 Χάος, "best translated Chasm"; Most, p. 13, translates Χάος as "Chasm", and notes: (n. 7): "Usually translated as 'Chaos'; but that suggests to us, misleadingly, a jumble of disordered matter, whereas Hesiod's term indicates instead a gap or opening".
  3. Hésiode, Théogonie [détail des éditions] (на француски)( 116 и 123-132)
  4. 4,0 4,1 Роберт Грејвс, Грчки митови, издание Табернакул, 2002, Скопје, стр. 32-33
  5. Ovide, Métamorphoses [détail des éditions] (I, 7).
  6. Ovid, Metamorphoses 1.5 ff.