Уран (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Уран
Aion mosaic Glyptothek Munich W504.jpg
Еон-Уран со Геја) на мозаик
Исконски бог на небото
Живеалиште Небо
Сопружник Геја
Родители Геја(Хесиод) or
Етер и Геја or
Етер и Хемера or

Никта
Деца Титани,Киклопи, Џинови, Хекатонхири и Афродита[1]

Уран (грчки: Ουρανός) во грчката митологија бил врховен бог, првиот владетел со вселената, крал на небото. Тој бил прародител на сите останати богови, односно според грчката митологија тој бил првиот бог, кој немал родители. Тој бил син на Геја. По неговото раѓање, Геја му станала сопруга. Тој е татко на титаните, киклопите и хекатонхирите.

Тој своите деца ги затварал во Тартар, но Геја го убедила на Крон да застане на страната против својот татко. Во почетокот, Уран и Геја биле сојузници, но подоцна биле во спротивни табори.

Според Цицерон, во делото Природа на боговите (De Natura Deorum), родители на Уран биле Етер и Хемера, односно Воздухот и Денот. Според други митови пак, тој бил син на Ноќта.

Негов еквивалент во римската митологија е Целус.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Теми во Грчка митологија
Богови
Херои
Поврзано

Најверојатната етимологија името го трасира во предгрчката форма *worsanós (Ϝορσανός)[2] проширена од *ṷorsó- (најдено и во грчкиот збор ouréō ‘уринира’, на санскрит varṣá ‘дожд’, на хетитски ṷarša- ‘магла’).[3] Основниот индоевропски корен е *ṷérs- ‘врне, влажно’ со што Уран станува ‘предизвикувач на дождот’.[3] Тоа дека Жорж Димезил[4] името Уран го изедначува со името на ведското божество Варуна (Аруна), бог на небото и на водите, етимолошки е неиздржливо.[5][6]

Потомство[уреди | уреди извор]

  1. Киклоп,
  2. Хекатонхири,
  3. Титани,
  4. Гиганти
  5. Мелија
  6. Афродита[7]

Митот за создавањето[уреди | уреди извор]

Осакатувањето на Уран од Сатурн: фреска на Џорџо Вазари и Кристофано Герарди, околу 1560 (SСалата на Козмо I, Палацо Векијо)

Во олимпискиот мит за создавањето на светот, како што Хесиод кажува во делото Теогонија,[8] Уран секоја ноќ доаѓал да ја покрие земјата и да општи со Геја, но ги мрази децата кои таа му ги раѓала. Хесиод првите шест сина и шест ќерки ги нарекол Титани, потоа биле родени Хекатонхирите, и еднооките џинови наречени Киклопи.

Уран децата на Геја го затворил во Тартар, длабоко во земјата, каде ѝ предизвикувале болка. Таа ги замолила нејзините синови да го кастрираат Уран. Само Крон, најмладиот и најамбициозниот од титаните сакал да го стори тоа: тој го пресретнал татка си и го кастрирал а екстремитетите ги фрлил во морето.

Откако Уран бил соборен од престолот, Крон повторно ги затворил Хекатонхирите и киклопите во Тартар. Уран и Геја тогаш му претскажале дека и самиот ќе биде симнат од престолот од неговиот син а Титаните се обиделе да ја избегнат таквата судбина со тоа што ги проголтале неговите деца.Зевс, со помош на мајка му Реа, ја избегнал оваа судбина.

Овие стари митови од прастаро потекло не биле изразувани во култовите на старите Хелени.[9] Функцијата на Уран била на заборавен бог од постарото време, пред почетокот на вистинското време.

После кастрацијата, Небото повеќе не доаѓало да ја покрива земјата навечер, туку стоело на своето место. Уранус ретко се гледал како антропоморфно битие освен неговите гениталии во митот за кастрацијата. Тој едноставно бил небото, кое од старите народи било сметано за купола или бронзен кров, кој стои на едно место или вртено на оска од страна на титанот Атлас. Во некои изрази кај Хомеровите поеми ouranos понекогаш е алтернатива за Олимп како заеднички дом на боговите.

Вилијам Сејл забележува дека "... 'Олимп' речиси секогаш се користи како дом на боговите додека ouranos се однесува на природното небо без никаква сугестија дека боговите заедно живеат таму".[10]

Извори[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според Хесиод, Теогонија 183–200, Афродита се родила од отсечените гениталии на Уран, но според Хомер, Афродита била ќерка на Зевс (Илијада 3.374, 20.105; Одисеја 8.308, 320) и Диона (Iliad 5.370–71), see Gantz, pp. 99–100.
  2. Originally reconstructed in: Johann Baptist Hofmann, Etymologisches Wörterbuch des Griechischen (Munich: R. Oldenbourg, 1950).
  3. 3,0 3,1 Robert S. P. Beekes, Etymological Dictionary of Greek, vol. 2 (Leiden: Brill, 2009), 1128–9.
  4. Georges Dumézil, “Ouranos-Varuna”, in Études de mythologie comparée indo-européenne (Paris: G.-P. Maisonneuve, 1934).
  5. Manfred Mayrhofer, Etymologisches Wörterbuch des Altindoarischen, vol. 2, s.v. “Váruṇa” (Heidelberg: Carl Winter, 1996), 515–6.
  6. Edgar C. Polomé, “Binder-god”, in Encyclopedia of Indo-European Culture (London–Chicago: Fitzroy Dearborn, 1997), 65.
  7. According to most myths but others say that was the daughter of Zeus and a goddess named Dione daughter of Epimetheus and Pandora.
  8. Hesiod, Theogony 133 ff..
  9. Kerényi, p. 20.
  10. Sale, William Merritt. Homeric Olympus and its formulae. „American Journal of Philology“ том  105 (1): 1–28 [p. 3].