Енума Елиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Енума Елиш е вавилонски мит за создавањето. Во 1849 година е реставриран од Хенри Лајард (во фрагменти) во разурнатата библиотека на Асурбанипал во Нинива (Мосул, Ирак), и печатен од Џорџ Смит, проучувач на асирската култура, во 1876 година.[1]

Енума Елиш има околу илјада линии, составен е на стариот вавилонски јазик на седум глинени плочи, а секоја плоча содржи меѓу 115 и 170 линии текст. Најголемиот дел од Плочата V никогаш не е обновен, и освен ова, текстот е речиси целосно обновен. Дупликат односно копија на Плочката V е најден во Султантепе, древна Хузирина, лоциран блиску до денешниот град Шанлиурфа во Турција.

Овој еп е еден од најважните извори за разбирање на вавилонскиот поглед на светот, во кој владеел Мардук, како и создавањето на луѓето како слуги на боговите. Неговата првобитна цел не е објаснување на теологијата или теогонијата, туку воспевањето на Мардук, главниот бог на Вавилон.

Енума Елиш постои во различни копии од Вавилонија и Асирија. Верзијата од библиотеката на Асурбанипал датира од 7 век п.н.е. Приказната сама по себе веројатно е од 18 век п.н.е., времето кога богот Мардук се стекнал со статусот, иако некои научници укажуваат на подоцнежен датум (14-12 век п.н.е.)

Наводи[уреди]

  1. George Smith, "The Chaldean Account of Genesis" (London, 1876).

Види исто така[уреди]


Надворешни врски[уреди]