Пан (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пан


Богот Пан во грчката митологија бил бог на плодноста, заштитник на овчарите и сточарите. Бил син на Хермес и на нимфата Дриопа. Постојат и тврдења дека негова мајка била Ојнеида, или Пенелопа. Негова татковина била шумовитата Аркадија каде живеел во друштво со сатирите и нимфите. Обично се прикажува со јареќки нозе и рогови.[1]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името Пан потекнува од грчкиот збор paein = паси. Во книжевна смисла зборот пан значи сѐ бидејќи според грчката митологија Пан бил душата на сите живи суштества и овој концепт го поврзува со шумите, со амбисите, со провалиите. Не случајно во современиот грчки јазик именката универзитет се преведува како panepistimio каде што пан означува универзитет, сѐ, а епистимио означува знаење.

Особености и дела[уреди | уреди извор]

За Пан се вели дека при раѓањето бил толку грд, со рогови, брада, со козји нозе што неговата мајка веднаш избегала, а Хермес го одвел на Олимп да служи за забава на боговите, но тој му бил брат на Зевс по млеко. Се забавувал по шумите на Аркадија, им помагал на ловците, а највеќе го сакал својот попладневен сон.Тој завел неколку нимфи, а една му го родила Крот, стрелец во астрологијата. Бил умешен па изработил прочуената Панова фрула што му ја украл Хермес, имал моќ на пророштво и обожавал да се фали со своите љубовни моќи. Тој е единствениот бог што умрел.[2] Еднаш, кога боговите се исплашиле од Тифон, Пан им предложил да се престорат во диви тверови и подоцна Зевс го убил чудовиштето. Поради помошта боговите одлучиле Пан да го издигнат меѓу ѕвездите. Поради тоа што тогаш се претворил во коза, го нарекуваме Каприкорн.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 91.
  2. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 92.
  3. Хиган, Митови, Три, Скопје, 2016, стр. 124.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]