Деметра

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Грчки врховни богови
Богови

Деметра (гр. Δημήτηρ) е грчка божица на земјоделието и на новиот живот, чувар на бракот и на свештениот сојуз. Таа била многу почитувана уште пред Олимписките богови. Таа е една од дванаесетте богови кои живееле на планината Олимп. Таа е ќерка на Кронос и Реа, а мајка на Персефона, која покасно пак станала жена на Хад.

Во покасната античност, култот со Деметра се сврзува со оној на Кибела. Древните Грци Деметра ја гледале во соѕвездието Девица.

Деметра

Деметра го научила народот на земјоделие, со тоа што му ја дала пченицата на Триптолем.

Во Римската митологија таа е позната како Церера.

Обично оваа божица била прикажувана како жито, а најомилена птица и била штркот. Исто така, многу често таа била прикажувана на кочија.

Деметра на Зевс му родила ќерка, Персефона. Според митот, кога таа си играла на ливадата со нимфите земјата одеднаш се отворила и се појавил богот Хад, кој ја присвоил за себе. Хад бил многу вљубен во неа, и не сакал да ја пушти од подземниот свет. За тоа време Демитра го слушнала плачот на својата ќерка и побрзала да ја извлече од оваа ситуација, но во тоа не успеала. Деметра лутала низ светот девет дена без храна и вода, сè додека Хелиј не ѝ открил што се случило со нејзината ќерка. Несреќната мајка отишла на планината Олимп и побарала помош од Зевс.

Враќањето на Персефона

За ова време, Хад се оженил со Персефона. Деметра за тоа време се вратила во својот храм во Елевзина, и на светот настапила голема неплодност на плодовите кое довело и до голема катастрофа како за лугето така и за боговите. Тогаш Зевс одлучил дека е потребно да се вмеша во проблемот па одлучил третина години да живее во подземниот свет со Хад, а остатокот на земјата. Кога Персефона била во подземниот свет, настапувала неплодноста, а кога била на земјата природата разезленувала со прекрасни цвеќиња. Така настанале и годишните времиња.

Триптолем, син на кралот Келеј, Деметра го научила како да ги разработува билките, како знак на благодарност за тоа што неговите родители во времето додека таа тагувала за нејзината ќерка ја прибрале во својот дом, не знаејќи дека всушност божица. Таа му поклонила зрно жито и го научила како да ја обработува својата земја.