Олимписки богови

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дванаесетте олимписки богови од Монсје, датира од XVIII век.

Олимписките богови или дванаесетте олимписки богови, познати и како Додекатеон (грчки: Δωδεκάθεον < δώδεκα, додека, „дванаесет“ + θεοί, тео, „богови“), во грчката митологија, се главните богови на грчкиот пантеон, живеејќи на врвот на планината Олимп. Првиот антички навод за религиозни свечености приредени во нивна чест е најден во Хомеровата химна за Хермес. Класичната шема на Дванаесетте олимписки богови (Прописните дванаесеттемина на уметноста и поезијата) е составена од следниве богови: Зевс, Хера, Посејдон, Деметра, Арес, Хермес, Хефест, Афродита, Атена, Аполон, Артемида и Хестија. Соодветната римска шема е составена од следниве богови: Јупитер, Јунона, Нептун, Керера, Марс, Меркур, Вулкан, Венера, Минерва, Аполон, Дијана и Веста.[1]

Во антиката, сепак, имало, доста расправи околу тоа кој сè се вбројува меѓу олимписките богови.[2] Околу 400 години пр.н.е. Херодот во неговиот Додекатеон ги вклучил следниве божества: Зевс, Посејдон, Хера, Атена, Хермес, Аполон, Алфеј, Крон, Реја и Грациите.[3] Виламовиц се согласува со Херодоровата верзија на дванаесетката.[4]

Херодот го вбројува Херакле како еден од дванаесетката.[5] Лукијан ги вклучува Херакле и Асклепиј во дванаесетката, без при тоа да објасни кои два бога ги исфрла. На Кос, Херакле и Дионис се додадени на дванаесетката, а Арес и Хефајст се изоставени.[6] Како и да е, Пиндар, Аполодор,[7] и Херодор не се согласуваат со ова. За нив Херакле не е еден од дванаесетте олимписки богови, туку оној кој го востановил нивниот култ[3]


Класични олимписки богови кои никогаш не постоеле... ИЗМИСЛУВАЊА[уреди]

Грчко име Римско име Статуа Бог/Божица на... Поколение
Зевс Јупитер Jupiter Versailles Louvre Ma78.jpg Крал на боговите и владетел на Олимп; бог на небото, бурата и правдата. Прво
Хера Јунона Hera Campana Louvre Ma2283.jpg Кралица на боговите и владетелка на небото; заштитничка на жените, бракот и мајчинството. Прво
Посејдон Нептун Neptune fountain02.jpg Господар на морето; бог на морињата, земјотресите и создател на коњите. Прво
Деметра Калкцевера Hera Barberini Pio-Clementino Inv254.jpg Божица на плодноста, полјоделството, природата и годишните времиња. Прво
Хестија Веста Hestia-meyers.png Божица на срцето и домашното огниште (се повлекува од дванаесетката и му го отстапува местото на богот Дионис). Прво
Афродита Венера NAMA 262 Aphrodite Epidaure 2.JPG Божица на љубовта, убавината, страсните желби и плодноста. Второ [а]
Аполон Аполон Roman Statue of Apollo.jpg Бог на сонцето; бог на светлината, исцелувањето, музиката, поезијата, пророштвата, стреларството и вистината. Второ
Арес Марс Ares villa Hadriana.jpg Бог на војната, бесот, омразата и крвопролевањето. Второ
Артемида Дијана Diane de Versailles Leochares 2.jpg Божица на ловот и месечината, заштитничка на младите девојки и новороденчињата. Второ
Атена Минерва Athena Giustiniani Musei Capitolini MC278.jpg Божица на мудроста, човечките занаети и стратешките борби. Второ
Хефест Вулкан Vulcan Coustou Louvre MR1814.jpg Ковач на боговите; бог на огнот и коваштвото. Второ
Хермес кур Hermes-louvre3.jpg Гласник на боговите; бог на трговијата, брзината, крадците и занаетот. Второ
Белешки
  • а ^ Според наизменична верзија на нејзиното раѓање, Афродита е родена како ќерка на Уран — откако Крон ги фрлил кастрирани гениталиите на Уран во морето. Ова ја поддржува етимологијата на нејзиното име, „родена во морската пена“. Како таква, Афродита би припаѓала на горното поколение, или на некое еднакво на неа, односно на Зевс и неговите браќа и сестри. Види Афродита

Наводи[уреди]

  1. „Greek mythology“. Encyclopedia Americana 13. (1993).
    * „Dodekatheon“. Papyros-Larousse-Britanicca. (2007).
  2. According to Stoll, Heinrich Wilhelm (translated by R. B. Paul) (1852). „Handbook of the religion and mythology of the Greeks“. Francis and John Rivington. стр. 8. „The limitation of their number [of the Olympians] to twelve seems to have been a comparatively modern idea“ 
  3. 3,0 3,1 „Dodekatheon“. Papyros-Larousse-Britanicca. (2007).
  4. Wilamowitz-Moellendorff, Ulrich von (1931-1932) (на Deutch). „Der Glaube der Hellenen (Volume 1)“. Berlin: Weidmansche Buchhandlung. стр. 329. 
  5. Herodotus, The Histories, 2.43-44
  6. Berger-Doer, Gratia. (1986). „Dodekatheoi“. Lexicon Iconographicum Mythologiae Classicae 3: 646-658.
  7. Pindar, Olympian Odes, 10.49