Еон (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еон
Член на Исконските богови
Aion mosaic Glyptothek Munich W504.jpg
Еон, бог на вечноста, во небесната сфера украсен со знаците на Зодијакот, помеѓу зелено и соголено дрво (лето и зима). Пред него е мајката земја Тера (римската божица Гаја) со 4 деца, персонификација на 4те годишни времиња
Бог на времето, вечноста и зодијакот
Животнифеникс
Симболзодијак
РодителиДевицата Кора[1] (Персефона)
Римски панданЕтернита
СлавиВо Александрија, на 6 јануари секоја година се славело повторното негово раѓање



Еон (грчки: Αἰών) е хеленски бог поврзан со времето, кругот на вселената и на зодијакот. "Времето" претставено од страна на Еон е неограничено, за разлика од тоа на Хронос кое е емпириско време поделено во минатото, сегашноста и иднината.[2] Затоа, тој е бог на вечноста, поврзан со тајните религии кои се интересираат за задгробниот живот, како што се тајните на Кибела, Дионис, Орфеј, и Митра. Во латинскиот концепт божеството може да се појави како Евум (Aevum) или Секулум (Saeculum).[2] Тој обично е во друштво на Мајката Природа (Земја) како божицата мајка Тера или Кибела, како што е прикажан на Парабјагоовата плоча.

Приказ и симболика[уреди | уреди извор]

Детаљ од Парабјагоовата плоча на која е прикажан Еон; Тера (неприкажана) се појавува на дното од плочата, чиј централен мотив е кочијата на Кибела

Еон обично се прикажува како гол или полугол млад човек внатре во еден круг кој го претставува зодијакот, или вечното и циклично време. Примерите вклучуваат два римски мозаици од Сентинум (денешен Сасоферато) и регијата Хипо во Африка од римскиот период и приказот на Парабјагоовата плоча. Но, бидејќи тој го претставува времето како циклус, може да се замисли исто така и како старец. Во делото Дионисијака, Нон го поврзува Еон со Хоре[3] и вели дека тој:

"го менува товарот на староста како змија што ја менува бескорисна и стара кожа, подмладувајќи се додека се капе во времето."

Римскиот коментатор Сервиј од 4 век п.н.е забележува дека сликата на змија што ја гризе својата опашка ја претставува цикличната природа на годината.[4] Работејќи на хиероглифите, Хораполо во 5 век прави разлика помеѓу змијата која ја крие својата опашка под остатокот на своето тело, што го претставува Еон, и уроборосот, што го претставува космосот, кој е змија што си ја јаде опашката.[5]

Цртеж на леонтоцефалински лик слика од Италија (CIMRM 312)

Идентификации[уреди | уреди извор]

Теми во Грчка митологија
Богови
Херои
Поврзано

Мартијан Капела (5-ти век) го идентификувал Еон со Крон (римскиот бог Сатурн), чие име според него во теологијата се меша со тоа на Хронос ("Време"), на начин како што грчкиот владетел со подземјето Плутон го помешале со Плутос (на латински: Plutus, "Богатство"). Мартијан го претставува Крон/Еон како сопруг на Реја (римската божица Опа), која се идентификува со природата.[6]

Во неговата мошне шпекулативна реконструкција на Митраистичката космогонија, Франц Кимонт го прикажува Еон  како Неограничено време (понекогаш претставен како Секулум, Крон или Сатурн) како бог кој се појавил од предисторискиот Хаос, и кој го создал Небото и Земјата. Ова божество е претставено како леонтоцефалинско, како крилест лав со глава на машка фигура чие голо торзо е испреплетено со змија. Тој обично држи скептра, клучеви, или молња.[7] Ликот на Времето "играло значителна, иако за нас целосно нејасна, улога" во митраичката теологија.[8]

Еон се идентификува со Дионис кај христијанските и неоплатонски писатели, иако пред христијанскиот период не постојат показатели дека Дионис е Еон.[9] Еврипид, сепак, Еон го нарекува син на Зевс.[10]

Во енциклопедијата Суда Еон се идентификува со Озирис. Во Историјата на Александрија хеленскиот синкретички бог Серапис се идентификува како Плутонски Еон (латински: Aion Plutonius).[11] Епитетот плутонски е знак дека функционални аспекти споделува со Плутон, сопругот на Персефона и владетел на подземјето во Елефсинската традиција. Епифаниј вели дека во Александрија Еоновото раѓање од девицата Кора се славело на 6 јануари: "На овој ден и во овој час Девицата го родила Еон."[12] Датумот се совпаѓа со христијанскиот празник Водици, со кој се заокружува прославата на Нова година и се заокружува временскиот циклус којѓто го отелотворува Еон.[13] Александрискиот Еон може да биде форма на Озирис-Дионис, кој секоја година одново се раѓа. Неговиот лик бил одбележан со крстови на рацете, колената, и челото.[14] 

Римската империја[уреди | уреди извор]

Овој синкретичен Еон станал симбол и гарант за вечноста на Римското владеење и императори како Антонин Пиј ковале монети со легендарниот Еон[15], чиј женски римски еквивалент била божицата Етернита.[16] На римските монети стојат и Еон и Етернита заедно со феникс како симбол на преродбата и цикличната обнова.[17]

Еон се вбројува меѓу доблестите и во божествените персонификации во подоцнежниот хеленистички дискурс, во кој фигурира како "креативен дејствувач во големата космолошка шема."[18]

Види[уреди | уреди извор]

  • Еон (гностицизам)
  • Interpretatio graeca
  • Зурванизам
  • Хронос

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Kákosy, László (1964). "Osiris-Aion". Oriens Antiquus 3.
  • Nock, Arthur Darby (Jan 1934). "A Vision of Mandulis Aion". The Harvard Theological Review 27 (1).
  • Zuntz, Günther (1989). Aion, Gott des Römerreichs (германски). Carl Winter Universitatsverlag.[19]
  • Zuntz, Günther (1992). AIΩN in der Literatur der Kaiserzeit (германски). Verlag der Osterreichischen Akademie der Wissenschaften[20].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fossum, "The Myth of the Eternal Rebirth," pp. 306–307.
  2. 2,0 2,1 Doro Levi, "Aion," Hesperia 13.4 (1944), p. 274.
  3. Nonnus, Dionysiaca 41.180ff., as cited by Levi, "Aion," p. 306.
  4. Servius, note to Aeneid 5.85, says that "according to the Egyptians, before the invention of the alphabet the year was symbolized by a picture, a serpent biting its own tail, because it recurs on itself" (annus secundum Aegyptios indicabatur ante inventas litteras picto dracone caudam suam mordente, quia in se recurrit), as cited by Danuta Shanzer, A Philosophical and Literary Commentary on Martianus Capella's De Nuptiis Philologiae et Mercurii Book 1 (University of California Press, 1986), p. 159.
  5. Horapollo, Hieroglyphica 1.1 and 1.2 in the 1940 edition of Sbordone, as cited by Shanzer, A Philosophical and Literary Commentary on Martianus Capella, p. 154.
  6. Schanzer, A Philosophical and Literary Commentary on Martianus Capella, p. 137.
  7. Summarized by Jaime Alvar Ezquerra, Romanising Oriental Gods: Myth, Salvation, and Ethics in the Cults of Cybele (Brill, 2008), p. 78.
  8. Ezquerra, Romanising Oriental Gods, p. 128.
  9. 1906-1981., Guthrie, W. K. C. (William Keith Chambers), (1978-1990). A history of Greek philosophy (1st pbk. ed издание). Cambridge [Cambridgeshire]: Cambridge University Press. ISBN 9780521294201. OCLC 25527465. https://www.worldcat.org/oclc/25527465. 
  10. Euripides, Heracleidae 899f.
  11. Pseudo-Callisthenes, I.30–33, as cited by Jarl Fossum, "The Myth of the Eternal Rebirth: Critical Notes on G.W. Bowersock, Hellenism in Late Antiquity," Vigiliae Christianae 53.3 (1999), p. 309, note 15. On the oracle and for the passage in which Aion Plutonius is named, see Irad Malkin, Religion and Colonization in Ancient Greece (Brill, 1987), p. 107, especially note 87.
  12. Fossum, "The Myth of the Eternal Rebirth," pp. 306–307.
  13. Gilles Quispel, "Hermann Hesse and Gnosis," in Gnostica, Judaica, Catholica: Collected Essays (Brill, 2008), p. 258; Gary Forsythe, Time in Roman Religion: One Thousand Years of Religious History (Routledge, 2012), p. 122.
  14. Fossum, "The Myth of the Eternal Rebirth," pp. 306–307, 311.
  15. Fossum, "The Myth of the Eternal Rebirth," p. 314.
  16. Ittai Gradel, Emperor Worship and Roman Religion (Oxford University Press, 2002), pp. 310–311.
  17. Levi, "Aion," pp. 307–308.
  18. J. Rufus Fears, "The Cult of Virtues and Roman Imperial Ideology," Aufstieg und Niedergang der römischen Welt II.17.2 (1981), p. 939.
  19. 1902-1992., Zuntz, Günther, (1989). Aion, Gott des Romerreichs. Heidelberg: C. Winter Universitätsverlag. ISBN 3533041700. OCLC 21800598. https://www.worldcat.org/oclc/21800598. 
  20. 1902-1992., Zuntz, Günther, (1992). [Aiōn in der Literatur der Kaiserzeit]. Wien: Verlag der Österreichischen Akademie der Wissenschaften. ISBN 3700119666. OCLC 33079748. https://www.worldcat.org/oclc/33079748.