Анаксимандар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анаксимандер според сликата на Рафаел, Атинската школа, 15101511

Анаксисмандар (грчки: Αναξίμανδρος) (околу 610 п.н.е. – околу 546 п.н.е.) — вториот од физичките филозофи на Јонија, граѓанин на Милет, придружник или ученик на Талес, и учител на Анаксимен.

Анаксимандар се смета за ученик на Талес. Прв составил географска карта и карта на небото, конструирал часовник. Според него земјата е цилиндар кој е висок како третина од својата ширина и лебди во центарот на вселената. Според него околу земјата се движат ѕвездите, планетите, сонцето и месечината. Сметал дека човекот потекнувал од риба. Тој сметал дека праосновата на светот е апејронот, што на грчки значи она бесконечното, неопределеното и безграничното. Имено, апејронот содржи два пара спротивности; топло и студено, суво и влажно. Анаксимандар сметал дека кога ќе се спои топлото со сувото настанува огнот, топлото и влажното даваат воздух, студеното и влажното раѓа вода, а студеното и сувото - земја. Од своја страна, овие четири изведени елементи служат како материјал од којшто се создава сѐ; што постои и може да постои. Анаксимандар сметал дека она од што настануваат стварите - во тоа според нужноста настанува и нивната пропаст, зашто тие една од друга трпат казна поради својата несправедливост според редот на времето. Анаксимандар прв зборувал за еволуцијата на појавата на човекот.Со затоплувањето,од водата и земјата произлегле риби или живи суштества слични на риби,во нив се зачнале луѓето,кои излегуваат од нив.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Учебник по филозофија за четврта година по гимназиско образование.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]