Мато Ловрак
Мато Ловрак (8 март 1899, Велики Грѓевац, Бјеловар - 14 март 1974, Загреб) — хрватски писател за деца и педагошки работник.
Животопис
[уреди | уреди извор]По завршувањето на образованието, цели триесет и пет години учителствувал во Хрватска, така што се здобил со големо педагошко искуство кое особено му користело во неговата писателска дејност.[1]
Творештво
[уреди | уреди извор]Мато Ловрак е еден од омилените писатели за деца на просторите на поранешна СФР Југославија. Има напишано поголем број дела, од кои најзначајни му се: романите „Возот в снег“ (првобитно познат под насловот „Децата од Големо Село“), „Дружината на Перо Џумката“ и „Непријател број 1“, расказите „Сладок поток“, „Диво дете“, „Францек II, смелиот“, „Дока Бедаковиќ“, „Среќна земја“, „Анка Бразилијанка“, „Мицек, муцек и дедек“, „Пријатели“, „Нашите деца“, „Детето конзул“, „Прозорец до градината“, „Дијамант в стомак“ и првиот дел од педагошката трилогија „Три дена живот“.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]
|