Прејди на содржината

Клара Цеткин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клара Цеткин
Клара Цеткин (околу 1920)
Роден(а)Клара Јозефина Ајснер
5 јули 1857
Видерау, Саксонија
Починал(а)20 јуни 1933 (воз.75)
Архангелское, близу Москва
Податотека:Stamps of Germany (DDR) 1987, MiNr 3085.jpg
Поштенска марка од ГДР

Клара Цеткин (родена Ајснер; 5 јули 185720 јуни 1933) — германски марксистички теоретичар, активист и борец за правата на жената. Во 1911 го организирала првиот Меѓународен ден на жената.[1]

До 1917 била активна во Социјалдемократската партија на Германија, потоа се придружила на Независната социјалдемократска партија на Германија (USPD) и нејзиното крајно лево крило, Сојуз Спартакус; ова крило подоцна прераснало во Комунистичката партија на Германија (KPD), која ја претставувала во Рајхстагот во текот на Вајмарската Република од 1920 до 1933.

Живот и дело

[уреди | уреди извор]

Цеткин е родена како Клара Ајснер во Видерау, село во Саксонија, сега дел од општината Кенигсхајн-Видерау.[2] Нејзиниот татко, Готфрид Ајснер, бил учител и оргулар во црквата, кој бил побожен протестант, додека нејзината мајка, Јозефина Витал Ајснер, дошла од буржоаско семејство од Лајпциг и била високообразувана.[2][3][4] Студирајќи да стане наставничка, Цеткин развила врски со движењето на жените и работничкото движење во Германија од 1874. Во 1878 таа се придружила на Социјалистичката работничка партија на Германија (Sozialistische Arbeiterpartei, SAP). Оваа партија била основана во 1875 со спојување на двете претходни партии: Општата асоцијација на германските работници формирана од Фердинанд Ласал и Социјалдемократската работничка партија на Германија на Август Бебел и Вилхелм Либкнехт. Во 1890 нејзиното име било изменето во нејзината современа верзија Социјалдемократска партија на Германија (SPD).

Поради забраната за социјалистичка активност во Германија поставена од Бизмарк во 1878, Цеткин заминала за Цирих во 1882, додека потоа заминал во егзил во Париз. Во текот на нејзиното време во Париз одиграла важна улога во основањето на социјалистичката група Социјалистичка интернационала. Таа исто така го прифатила името на нејзиниот љубовник, рускиот револуционер Осип Цеткин, со кого таа имала два сина, Костја и Максим. Осип Цеткин умрел во 1889. Подоцна, Цеткин била во брак со уметникот Георг Фридрих Цундел, осумнаесет години помлад од нејзе, од 1899 до 1928.

Цеткин и Роза Луксембург, 1910

Во СПД, Цеткин заедно со Роза Луксембург, нејзина блиска пријателка и лице од доверба, била една од главните фигури на крајнолевото револуционерно крило на партијата. Во дебатата за ревизионизмот на почетокот на 20-от век, таа заедно со Луксебург, ги нападнале реформистичките тези на Едвард Бернштајн.

Цеткин била многу заинтересирана во политиката кон жените, вклучувајќи ја борбата за еднакви можности и правото на глас за жената. Таа го развила социјалдемократското движење за жените во Германија; од 1891 до 1917 го уредувале женскиот весник на СПД Die Gleichheit (Еднаквост). Во 1907 станала водач на новосоздаденото „женско биро“ на СПД. Таа го започнала првиот „Меѓународен ден на жената“ на 8 март 1910, отпочнувајќи ја идејата во Копенхаген, што подоцна станало познато како Ungdomshuset.

Во текот на Првата светска војна Цеткин, заедно со Карл Либкнехт, Роза Луксембург и други влијателни политичари од СПД, ја одбиле политиката на партијата за Burgfrieden (примирје со владата, ветувајќи дека ќе се водржат од какви било напади во текот на војната). Меѓу другите антивоени активности, Цеткин ја организирала меѓународната социјалистичка антивоена женска конфедерација во Берлин во 1915. Поради нејзините антивоени мислења, таа била апсена неколкупати во текот на војната.

Во 1916 Цеткин била една од основачите на Сојузот Спартакус и Независната социјалдемократска партија на Германија (USPD), која се одделила од нејзината постара партија во 1917, СПД, во знак за протест на нејзиниот провоен став. Во јануари 1919, по германската Ноемвриска револуција од претходната година, била основана KPD (Комунистичка партија на Германија); Цеткин исто така се придружила и ја претставувала партијата од 1920 до 1933 во Рајхстагот. Таа направила интервју со Ленин за „Женските прашања“ во 1920.[5]

Биста на Клара Цеткин во Дрезден

До 1924 Цеткин била член на централната канцеларија на KPD; од 1927 до 1929 била член на централниот комитет на партијата. Исто така била член на извршниот комитет на Комунистичката интернационала (Коминтерна) од 1921 до 1933. Во 1925 била избрана за претседател на германската левичарска солидарна организација Rote Hilfe. Во август 1932, како претседавач на Рајхстагот по стаж, таа го повикала народот да се бори против националсоцијализмот.

Кога Адолф Хитлер и неговата Националсоцијалистичка германска работничка партија ја презеле власта, Комунистичката партија на Германија била забранета во Рајхстагот, по пожарот на Рајхстагот во 1933. Цеткин заминала во егзил за последен пат, овојпат во Советскиот Сојуз. Таа умрела таму, во Архенагелское, близу Москва, во 1933, на возраст од скоро 76 години. Таа била погребана во некрополата во Кремлинските ѕидини во Москва.

Посмртно почести

[уреди | уреди извор]
  • Цеткин се појавила на банкнотата од десет истичногермански марки на веќе непостоечката валута на Германската Демократска Република (ГДР) (Источна Германија).
  • Во 1954, ГДР го основала Clara Zetkin Medal (Медал Клара Цеткин) во чест на жените, кои активно придонесуваат за правата на жените.

Литература

[уреди | уреди извор]
  1. Местото на жената е во револуцијата
  2. 2,0 2,1 Јанг, ЏејмсD. (1988). Социјализам од 1889: биографска историја. Rowman & Littlefield. стр. 169. ISBN 0389208132.
  3. Encyclopedia of World Biography: Vitoria-Zworykin. Gale Research. 1998. стр. 504. ISBN 0787625566.
  4. Zetkin, Klara; Philip Sheldon Foner (1984). Clara Zetkin, selected writings. International Publishers. стр. 17. ISBN 0717806200.
  5. Извадок од интервјуто (на англиски) е достапно на The Emancipation of Women: From the Writings of V.I. Lenin, интерју со Клара Цеткин, International Publishers, на Marxist Archives

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]