Идеолошки ставови и општествено-политичка активност[уреди | уреди извор]
Фердинанд Ласал бил социјалист и деец на германското работничко движење. Во 1863 година,тој бил еден од основачите на Општиот германскиот работнички сојуз (Allgemeiner Deutscher Arbeiterverein), претходник на Социјалдемократската партија.[1] Ласал бил републиканец и поддржувач на пангерманизмот, заштитник на сеопштото селективно право и противник на пристапувањето кон Прусија на Алзас-Лорен.