Александар Николиќ (тренер)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Кошаркар

Александар Николиќ (српски: Александар Николић, Сараево, 28 октомври 1924Белград, 12 март 2000) бил југословенски и српски кошаркар и тренер. Поради заслугите за развојот на кошарката во Југославија, познат е и како „татко на југословенската кошарка“.[1] Неговото име го носи салата на Богословијата во Белград.

Животопис[уреди | уреди извор]

Николиќ е роден во Сараево, но во детството се преселил во Белград. Гимназијата „Крал Александар Караѓорѓевиќ“ ја завршил во 1943 година, а потоа студирал право и медицина на Белградскиот универзитет. Од 1944 до 1945 година служел во ЈНА. Дипломирал во 1946 година, а потоа бил професор на факултетот за Физичка култура во Белград, поради што го добил прекарот „Професор“.

Кошаркарска кариера[уреди | уреди извор]

Кошаркарската кариера, Николиќ ја поминал во КК Партизан (1945—1946), КК Црвена ѕвезда (1947—1949), КК Железничар Чачак (1949—1950) и ОКК Београд (1950—1951). Со Црвена ѕвезда го освоил Првенството на Југославија во 1947, 1948 и 1949 година. Исто така, одиграл 10 натпревари за репрезентацијата на Југославија.

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

По завршетокот на играчката кариера, во 1951 година Николиќ станал селектор на репрезентацијата на Југославија и на то аместо останал до 1965 година. Под неговото водство, Југославија освоила сребрени медали на Европските првенства во 1961 и 1965 година, како и бронза во 1963година. На Светското првенству во 1963 година освоил сребрен медал. Исто така, тој бил прв тренер на клубовите ОКК Београд, Партизан и италијанската „Петрарка“ од Падова. Во 1966 година бил избран за најдобар европски тренер. Во 1969 година, Николиќ станал тренер на Игнис од Варезе и со овој клуб во текот на четири години (1969—1973) освоил три национални првенства, три европски титули, три италијански купа и два интернационални купа. Тим на Варезе од 1970 и 1973 година победил на сите четири натпреварувања во кои настапувал, нешто што претходно никому не му успеало. Тимот на „Игнис“ од сезоната 1972/73 често се смета за најдобар тим во историјата на италијанската и европската кошарка. Потоа се вратил во југословенската кошарка како прв тренер на КК Црвена ѕвезда при што го освоил Купот на победниците на Куповите, што бил првиот европски трофеј и најголемиот дотогашен успех на југословенската клупска кошарка. Летото 1991 година, на повик на Драган Киќановиќ, Николиќ се вратил во КК Партизан и ја презел улогата на советник на новиот тренер Жељко Обрадовиќ кој штотуку ја почнал својата тренерска кариера. Притоа, во сезоната 1991/92, Партизан ја освоил тројната круна, првенството и купот на Југославија и најважниот трофеј што го освоил некој српски клуб – купот на европските шампиони.

По единаесетгодишно отсуство, Николиќ се вратил во репрезентацијата на Југославија во 1976 година и ја предводел репрезентацијата на Европското првенство во 1977 година и на Светското првенство во 1978 година на кои ги освоил златните медали.

Како тренер, Николиќ имал однос на победите и поразите 357:200 на клупск ниво и 101:39 на репрезентативно ниво. Во 1998 година, Николиќ бил примен во Кошаркарската Куќа на славните,[1] а тој бил тренер и на двојца идни членови на Куќата на славните: Борислав Станковиќ и Крешимир Ќосиќ.

Александар Николиќ умрел на 12 март 2000 година во Белград. Во 2007 година, Божидар Маљковиќ ја започнал иницијативата на Белградската арена да ѝ се додели името „Сала Александар Николиќ“.

Признанија[уреди | уреди извор]

Во 1995 година, ФИБА му го доделила Орденот на честа. Во Алкобендас, предградие на Мадрид, на 1 март 2007 година, била отворена Куќата на славните на ФИБА. Притоа, во првата групи на членовите на Куќата, заедно со уште петмина кошаркарски тренери, се нашло и името на Александар Николиќ.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Александар „Аца“ Николић Архивирано на 29 октомври 2012 г., www.hoophall.com

Надворешни врски[уреди | уреди извор]