Петре Богданов - Кочко

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Петар Богданов - Кочко)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Податотека:Кочко.jpg
Петре Богданов - Кочко

Петре Богданов - Кочко (Скопје, 12 март 1913 - Скопје, 22 февруари 1988), македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија.

Учесник е во НОВ на Македонија. Во Агитпропот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ ја вршел функцијата референт за школство со задача на слободната територија во Западна Македонија во периодот септември-декември 1943 година да ги организира првите училишта на македонски јазик. Во 1944 година работи околу прашањето на Македонците од Егејска Македонија. Во својство на претставник на Главниот штаб на НОВ и ПОМ определен период е присутен во Егејска Македонија каде ги координира активностите на македонското националноослободително движење од Егејска Македонија со грчкото народноослободително движење.[1] Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По војната, еден е од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач оствари низа значајни улоги.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Александар Литовски „Јубилеен календар за Егејскиот дел на Македонија во 2009 година“, Организација на Македонците-потомци од Егејскиот дел на Македонија, Битола, 2009.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Дејан Алексиќ, Ацо Димитровски, Јанко Николовски „Петре Богданов-Кочко: еден значаен живот“, Скопје, 2002.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]