Сојуз на композиторите на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лого на сојузот

Сојузот на композиторите на Македонија или скратено СОКОМ претставува највисока организација која ги обединува македонските композитори. Основан е на 19 јануари 1946 година од страна на основоположниците на македонското современо музичко творештво, Стефан Гајдов, Трајко Прокопиев, Живко Фирфов и Тодор Скаловски во просториите на тогашното Радио Скопје под името Друштво на музичарите на Македонија. Цел на ова друштво била организирано издигнување на македонската музичка култура. Од 2017 година директор е Јане Коџабашија.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Ова се наградите кои ги доделува СОКОМ:[2]

  • Трајко Прокопиев“ — награда за животно дело;
  • Панче Пешев“ — наградата за најдобро премиерно изведено дело од македонски автор во претходната година;
  • Георги Божиков — наградата за најдобра изведба на дело од македонски автор во претходната година на ансамбли или музички уметници;
  • Виртуози“ — награда за најуспешни музички и балетски уметници (се доделува од 2012)[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Проф. д-р Јане Коџабашија е нов претседател на Собранието на СОКОМ“
  2. „Награди на Сојузот на композиторите на Македонија“. Сојуз на композиторите на Македонија. Посетено на 2012-05-05.
  3. „„Виртуози" - нова награда за музичките и балетски уметници“. Нова Македонија. број 22755. Посетено на 2013-02-27. Text " петок 14 декември 2012" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]