Сојуз на композиторите на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на сојузот

Сојузот на композиторите на Македонија или скратено СОКОМ претставува највисока организација која ги обединува македонските композитори. Основан е на 19 јануари 1947 година од страна на основоположниците на македонското современо музичко творештво, Петре Богданов - Кочко (претседател), Тодор Скаловски (потпретседател), Славко Костовски (секретар), Васил Ќортошев (касиер), Живко Фирфов (член), Драган Ѓаконовски - Шпато (член), Стефан Гајдов, Трајко Прокопиев и во просториите на тогашното Радио Скопје под името Друштво на музичарите на Македонија. Цел на ова друштво била организирано издигнување на македонската музичка култура. Од 2017 година директор е Јане Коџабашија.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Ова се наградите кои ги доделува СОКОМ:[2]

  • Трајко Прокопиев“ — награда за животно дело;
  • Панче Пешев“ — наградата за најдобро премиерно изведено дело од македонски автор во претходната година;
  • Георги Божиков — наградата за најдобра изведба на дело од македонски автор во претходната година на ансамбли или музички уметници;
  • Виртуози“ — награда за најуспешни музички и балетски уметници (се доделува од 2012)[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „„Проф. д-р Јане Коџабашија е нов претседател на Собранието на СОКОМ". Архивирано од изворникот на 2021-01-24. Посетено на 2018-10-28.
  2. „Награди на Сојузот на композиторите на Македонија“. Сојуз на композиторите на Македонија. Архивирано од изворникот на 2011-09-30. Посетено на 2012-05-05.
  3. „„Виртуози" - нова награда за музичките и балетски уметници“. Нова Македонија. број 22755. Посетено на 2013-02-27. Text "петок 14 декември 2012" ignored (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]