Крис Корнел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Крис Корнел
Крис Корнел во 2011 година
Биографски податоци
Родено име Кристофер Џон Бојл
Познат(а) и како Крис Корнел
Роден(а) јули 20, 1964(1964-07-20)
Сиетл, САД
Починал(а) мај 18, 2017(2017-05-18) (воз. 52 г.)
Детроит, САД
Жанрови
Занимања
  • музичар
  • текстописец
Инструменти
Период на активност 1984–2017
Издавачи
Соработници
Мреж. место chriscornell.com

Крис Корнел (роден како Кристофер Џон Бојл, роден на 20 јули 1964 во Сиетл — починал на 18 мај 2017 во Детроит) — американски музичар, пејач и текстописец. Корнел е најпознат како главен вокалист за рок групите Soundgarden и Audioslave. Освен тоа, во текот на својата музичка кариера имал голем број на самостојни песни и саундтраци, а бил и основач на групата Temple of the Dog, бенд посветен на неговиот починат пријател Ендрју Вуд.

Корнел се смета за еден од главните архитекти на гранџ движењето во 1990-тите[3], и е добро познат по своите текстови и неговата моќна вокална техника. Тој објавил четири соло студиски албуми, Euphoria Morning (1999), Carry On (2007), Scream (2009), Higher Truth (2015), и албумот во живо Songbook (2011). Корнел ја добил номинацијата за наградата „Златен глобус“ за неговата песна „The Keeper“, која се појавила во филмот Machine Gun Preacher од 2011 година. Неговото последно соло издание било добротворниот сингл „The Promise“. Тој бил прогласен за најголемиот рок пејач од читателите на Guitar World,[4], и бил на 4 место на листата на „Најдобри 100 хевиметал вокалисти[5] и 12-ти најдобри вокалист според МТВ[6]. Пред да започне да се занимава со музика, Корнел бил готвач. Во 1984 година го основал бендот Soundgarden во кој на почетокот бил на тапани за по доаѓањето на Мет Камерон да се префрли на вокал кој комотно се чувствувал во четири октави. Во 2001 била формирана групата Audioslave, заедно со Том Морело од Рејџ и Тим Комерфорд и Бред Вилк.

Корнел има продадено 14,8 милиони албуми, 8,8 милиони дигитални песни и 300 милиони аудио касети само во САД,[7][8], како и преку 30 милиони записи низ целиот свет[9][10][11]. Тој бил номиниран за 14 Греми награди и истите ги освоил на два пати[12][13].

Корнел страдал од депресија и проблеми со дрогата порано во својот живот. Тој бил пронајден мртов во својата хотелска соба во Детроит рано наутро на 18 мај 2017 година, откако настапил на концертот на Soundgarden претходно. Неговата смрт била прогласена за самоубиство[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Chris Cornell Tickets in Boston Massachusetts, Dallas Texas, Nashville Tennessee, Chicago Illinois, Denver Colorado, & Los Angeles California“. 6 јуни 2015. https://www.benzinga.com/pressreleases/15/06/p5573620/chris-cornell-tickets-in-boston-massachusetts-dallas-texas-nashville-te. 
  2. Costa, Emilia (22 октомври 2009). „Chris Cornell Rocks Grand Opening of Hard Rock Cafe Las Vegas!“. Spin. http://www.spin.com/2009/10/chris-cornell-rocks-grand-opening-hard-rock-cafe-las-vegas/. 
  3. Gundersen, Edna. „Chris Cornell takes another sonic shift with 'Scream'“, „USA Today“, 24 март 2009.
  4. „Guitar World Readers Vote Soundgarden's Chris Cornell Rock's Greatest Singer“. Guitar World. 1 ноември 2013. http://www.guitarworld.com/guitar-world-readers-vote-soundgardens-chris-cornell-greatest-rock-singer-all-time. 
  5. "Heavy Metal's All-Time Top 100 Vocalists". Hit Parader. November 2006
  6. „Listology:MTV's 22 Greatest Voices in Music“. Listology. 8 март 2005. http://www.listology.com/list/mtvs-22-greatest-voices-music. 
  7. 7,0 7,1 „Chris Cornell, Soundgarden Frontman, Dies at Age 52“. Variety. архивирано од оригиналот на 26 мај 2017. https://web.archive.org/web/20170526140019/http://variety.com/2017/music/news/chris-cornell-dead-dies-soundgarden-frontman-dies-at-52-1202432798/. 
  8. „Chris Cornell Dead At 52, Radio Reacts“. 18 мај 2017. https://www.allaccess.com/net-news/archive/story/165844/chris-cornell-dead-at-52-radio-reacts. 
  9. „18 Things You Might Not Have Known About Chris Cornell“. 18 мај 2017. https://www.iheart.com/news/18-things-you-might-not-have-15842434/. 
  10. „Bio - Chris Cornell“. http://www.chriscornell.com/bio/. 
  11. „Soundgarden's Chris Cornell adds second Auckland show“. 21 мај 2015. http://www.stuff.co.nz/entertainment/music/68698410/soundgardens-chris-cornell-announces-solo-nz-tour. 
  12. Baltin, Steve. „Remembering Chris Cornell: A sweet sunshower“, „Grammy“, 24 мај 2017.
  13. Chris Cornell - The Recording Academy“, „Grammy“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]