Ендрју Вуд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ендрју Вуд
Родено имеЕндрју Патрик Вуд
Роден(а)јануари 8, 1966(1966-01-08)
Колумбос[1]
Починал(а)март 19, 1990(1990-03-19) (воз. 24 г.)
Сиетл
ЖанровиАлтернативен рок, гранџ
Занимањамузичар, текстописец
Инструментипејач пијано, бас гитара, гитара, дајре
Период на активност1980–1990
ИздавачиC/Z, Loosegroove, Mercury, PolyGram, Stardog
СоработнициMalfunkshun, Mother Love Bone

Ендрју Патрик Вуд (роден на 8 јануари 1966 во Колумбос — починал на 19 март 1990 во Сиетл) — американски музичар, пејач и текстописец. Вуд е најпознат како главен вокалист за рок групите Malfunkshun и Mother Love Bone.

Вуд го основал Malfunkshun во 1980 година со својот брат Кевин и Реган Хагар. Иако бендот имал само две песни, „With Yo 'Heart“ и „Stars-n-You“, албумот Deep six compilation, го претставува почетокот на гранџ движењето во Сиетл. За време на своето членување во Malfunkshun, Вуд започнал да се потпира на дрогата, влегувајќи и рехабилитација во 1985 година.

До 1988 година, Malfunkshun била распуштена, а Вуд започнал да соработува со членовите на Green River, Стоун Госард и Џеф Амент[2][3]. Тие наскоро започнале да пишуваат оригинален материјал и ја формирале групата Mother Love Bone истата година, зимајќи ги гитаристот Брус Ферведер (исто така поранешен член на Green River) и тапанарот Грег Гилмор. Следната година бендот потпишал договор со ''PolyGram'', издавајќи шест песни. Кон крајот на годината, бендот го снимил својот деби албум Apple, кој требало да биде пуштен во продажба во 1990 година.

Поради неговата борба со зависноста од дрога[1][4], Вуд заминал на рехабилитација во 1989 година, надевајќи се дека ќе биде чист за пуштањето на деби албум на Mother Love Bone. На 16 март 1990 година, Вуд бил пронајден во коматна состојба од неговата девојка, Ксана Ла Фуенте, која имала преголема доза на хероин. Вуд бил однесен во болница и ставен на одржување. Состојбата на Вуд започнала да покажува знаци на подобрување, но тој одеднаш починал три дена подоцна.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Prato, Greg. „Andrew Wood Biography“. Allmusic. конс. November 13, 2010. 
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Mother Love Bone AMG.
  3. Huey, Steve. „Green River Biography“. Allmusic. конс. November 13, 2010. 
  4. Appelo, Tim. „Twin Tragedy“, „Entertainment Weekly“, 24 јули 1992.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Furek, Maxim W. (2008) The Death Proclamation of Generation X: A Self-Fulfilling Prophesy of Goth, Grunge and Heroin, i-Universe.