Mad Season

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Mad Season (музичка група))
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Mad Season
Познат(а) и какоGacy Bunch
Disinformation
ПотеклоСиетл, САД
Жанровиалтернативен рок,[1]гранџ[2]
Период на активност1994–1995
(1997–1999, 2012, 2014–2015)
ИздавачиColumbia
СоработнициScreaming Trees
Alice in Chains
Pearl Jam
Mark Lanegan
The Walkabouts
Поранешни членови
Барет Мартин
Мајк Мекриди
Џон Бејкер Сандерс
Лејн Стејли

Mad Season — поранешна американска рок супергрупа[3], формирана во 1994 година како страничен проект на членови на други бендови во гранџ сцената во Сиетл[4]. Главните членови на групата биле гитаристот Мајк Мекриди од Pearl Jam, Лејн Стејли како вокалист од Alice in Chains, тапанарот Барет Мартин од Screaming Trees и басистот Џон Бејкер Сандерс. Mad Season издала само еден албум, Above, во март 1995 година. Првиот сингл на групата, „River of Deceit“, постигнал радио успех.

Бендот постоел со полу-постојан прекин во 1996 година, како резултат на спротивставените распореди на членовите на групата и проблемите на Стејли со злоупотребата на супстанции. Биле направени обиди кон крајот на 1990-тите за да се оживее групата без Стејли, а се работело на материјал за понатамошно објавување; Сепак, групата се распаднла по смртта на басистот Џон Бејкер Сандерс во 1999 година од предозирање со дрога. Стејли, исто така, починал од предозирање со дрога три години подоцна. Оттогаш, Мартин и Мекриди направиле две кратки делумни обединувања, едно во 2012 година и едно од 2014 до 2015 година. Специјалното издание на албумот и разни неиздадени материјали било објавено во март 2013 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Goodman, William (April 4, 2013). "Pearl Jam's Mike McCready on "Powerful" Mad Season Reissue: "I Started Crying"". Fuse.tv. Архивирано од изворникот на May 17, 2013. Посетено на August 9, 2018.
  2. "ALBUM REVIEW: MAD SEASON – ABOVE [DELUXE EDITION]". Consequence of Sound. април 5, 2013. Архивирано од изворникот мај 24, 2013. Посетено на април 5, 2013.
  3. Davies, Barbara (February 2, 1998). "Mad Season: Above". Rolling Stone. Архивирано од изворникот на September 26, 2008. Посетено на May 12, 2018.
  4. "21 Years Ago: Grunge Supergroup Mad Season Release 'Above'". Diffuser.fm (англиски). Архивирано од изворникот октомври 4, 2017. Посетено на август 23, 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]