Еди Ведер (роден како Едвард Луис Северсон на 23 декември1964) — американски музичар, пејач и текстописец, најпознат по тоа што е главниот вокал и еден од трите гитаристи на алтернативниот рок бенд Pearl Jam. Познат по својот карактеристичен и моќен вокал, Ведер е рангиран како седми на листата на „Најдобри водечки пејачи на сите времиња“, составена од Ролинг Стоун.[4]. Во текот на својата кариера пред Pearl Jam, Ведер бил член на Temple of the Dog.
Во 2007 година го издал својот прв соло албум како саундтрак за филмот Into the Wild (2007). Неговиот втор албум Ukulele Songs бил објавен во 2011 година.
Еди Ведер бил примен во Салата на славата на рокенролот на 7 април 2017 година.